hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ал Џаиш противник на Барса во полуфиналето во четврток

el jaish

Барселона денес дозна дека ќе се соочи со катарскиот Ел Џаиш во борба за пласман во финалето на IHF Суперглоб во Доха. Ел Џаиш на Зоран Кастратовиќ заврши како второпласирана во групата А, откако во дербито загуби од Фленсбург со 29:24. На полувреме германците водеа со +3, но во почетните 12 минути од вториот дел, Ел Џаиш притисна и во еден момент успеа да израмни (19:19).

Повеќе...

Совладана и Есперанца и Барса на „голема врата„ во полуфиналето

0 WN-barcelona tunis-karabatic noddesbo entrerios-01-photo-uros hocevar-ihf

Барселона - Есперанца 37:23 (20:10)

Со победа и во третиот натпревар, ракометарите на Барселона од првото место во Б групата ќе тргнат во полуфиналето во потрага по одбрана на светската титула освоена минатата година. Против тунискиот тим Есперанца, екипата на Пасквал го одигра најдобриот натпревар во Доха и остава впечаток дека ја подига формата како турнирот одминува. Пак каталонците мораа да бркаат резултат откако Камел Алуини со два гола во 9 минута, ја доведе Есперанца во водство со 2:4.

Повеќе...

Со лесна победа над австралијанците Барса обезбеди полуфинале

0 WN-sydney barcelona-morros viran-01-photo-uros hocevar-ihf

Сиднеј Университи - Барселона 18:34 (12:15)

Против мултикултуралниот аматерски состав на Сиднеј Университи, Барселона ја забележа втората победа во вториот натпревар од Б групата на IHF Суперглоб. Во Доха денес во еден од пораните термини, Лазаров и другарите ја остварија првата цел и се пласираа во полуфиналето на мундијалот за клубови. Против австралијанците, Барса играше со минимална цел да стигне до бодовите и да не се потроши многу енергијата.

Повеќе...

Македонски комплет во Доха

 

Nacevski

Ретко се случува Македонија да има претставници скоро во сите структури на еден елитен ракометен меч. Таков случај беше вчерашниот меч од првото коло на Б групата на IHF Суперглоб помеѓу Барселона и Ал Саад. Иако не играше македонска екипа, Кирил Лазаров беше „прва виолина„ на светскиот првак Барселона, Драган Начевски беше делегат на IHF на средбата, а македонските интернационални судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја делеа правдата на натпреварот.

Повеќе...

Лазаров ги направи мечот и победата над Ал Саад поедноставни

2145 WN-barcelona al-sadd-lazarov kiril-01-photo-uros hocevar-ihf

Барселона - Ал Саад 34:25 (17:12)

Иако не одигра како што многумина очекуваа, Барселона со победа ги започна натпреварите од Б групата на IHF Суперглоб турнирот во Доха. Против незгодната катарска екипа Ал Саад, Сигурдсон и Раул Ентрериос отворија со 2:0 за европјаните. Но во три минути Омахиќ и Сајед го свртија резултатот на 3:2. Кирил Лазаров, кој е најдобар поединец на Барселона во овој месец од подготовките и натпреварувањата, од седмерец израмни на 3:3.

Повеќе...

Сите 16 меча од IHF Суперглоб во живо

ihf superglobe

Како и во претходните две изданија во кои Кирил Лазаров и неговите клубови учествуваа и оваа година сите 16 натпревари од групната фаза и од полуфиналето и финалето ќе можете директно и во живо да ги следите на официјалната веб страна на Кирил Лазаров.

Повеќе...

Светскиот првак веќе пристигна во Доха

barca vo doha

Најуспешната екипа од минатато издание нa IHF Суперглоб, Барселона на Кирил Лазаров веќе пристигна во Доха, каде од недела почнуваат групните натпревари на неофицијалниот мундијал за клубови. Барса од недела до вторник ги игра мечевите од Б групата со Ал Саад, Сиднеј Универзити и Есперанца Тунис.

Повеќе...

Сорондо во Барселона до 2017 година

sorondo nov dogovor1

Францускиот интернационалец Седрик Сорондо го продолжи договорот со Барселона до јуни 2017 година, што е за уште две години од постоечкиот со каталонскиот клуб. Тој пристигна од Тулуз во Барселона во летото 2010 година и веќе освои 17 титули, меѓу кои и Лигата на шампионите и четири изданија на ASOBAL лигата.

Повеќе...

Шампионот отвори убедливо, Лазаров блескаше

Share2014-09-03-092d2dc58f4c90e3a2eb413bd58aeb135a16f8f116cf2b99728bdad175c2a73f-Picture jpg

Барселона - Арагон 42:25 (20:10)

На почетокот на новата ASOBAL лига, првакот Барселона во „Палау Блауграна„ го дочека Арагон на Деметрио Лозано како тест пред заминувањето за Доха, каде од сабота ќе го брани трофејот од IHF Суперглоб. Шампионот инзворедно го отвори мечот и поведе со 5:0 по неполни 4 минути. Гонзало од стартот беше сигурен, а Лазаров и Сигурдсон ја потврдија формата од двата Суперкупа.

Повеќе...

Денес стартува новото издание на ASOBAL лигата

Asobal-Allianz

Со Барселона како главен фаворит, денес официјално стартува ново издание на шпанската ASOBAL лига, која првиот дел ќе го има до почетокот на декември, а потоа по мундијалот во Катар од фебруари до средината на мај следува пролетниот дел. Општ впечаток е дека ова ќе биде нешто поизедначен шампионат за разлика од минатата сезона, иако ќе биде прворазредна сензација ако Барселона не ја освои титулата.

Повеќе...