Познати полуфиналните парови од ASOBAL Купот
![]()
Наредниот викенд во Леон со натпреварите од ASOBAL Купот официјално завршува есенскиот дел од сезоната во шпанскиот ракомет. Адемар Леон и арената „Мунисипал де депортес де Леон„ ќе бидат домаќините на ова натпреварување во кое играат четири екипи кои се на врвот по есенскиот дел од ASOBAL лигата. Денес беа извлечени двојките за полуфиналето од натпреварување кое ќе се одигра на 20 и 22 декември 2014 година.
Нов рекорд на голови и есенска титула без пораз за Барса
![]()
Адемар Леон - Барселона 37:43 (18:22)
Максималниот учинок оваа есен во ASOBAL лигата, ракометарите на Барселона го заокружија на гостувањето кај Адемар Леон во северна Шпанија. Овој меч беше и македонски дуел на Димитриевски и Лазаров еден против друг. Домаќините одлично го почнаа мечот и во првите 10 минути диктираа минимално водство. Со головите на Агирезабалага и Леонардо де Алмеида, домашната екипа поведе со 5:3 во 8 минута. Сигурдсон и Раул Ентрериос возвратија за 5:5, само една минута подоцна.
ВИДЕО: Лазаров позира со новиот модел патики на Hummel
![]()
Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров веќе неколку години е заштитно лице на скандинавскиот спортски бренд „Hummel„ Со години тој ги промивира моделите на оваа компанија а сега е и еден од промотерите на новиот модел на патики на „Hummel„
ВИДЕО: Лазаров во божиќното видео на Барселона
![]()
Како и секоја година воочи Божик и Нова година, сите секции на Барселона се дел од промотивни видео клипови кои треба да пратат честитка за сите навивачи на големото семејство Барселона. Македонскиот репрезентативен капитен во друштво на Сигурдсон, Жалуз и Виран Морос се дел од приказната во која каталонецот Виран Морос им објаснува на тројцата странци какви се божиќните обичаи во Каталонија.
Грањолерс плати за поразот на Барса во Плок
![]()
Барселона - Грањолерс 43:28 (23:10)
По првиот пораз во сезоната, ракометарите на Барселона веднаш им се вратија на победите и го добија каталонското дерби со Грањолерс. Против екипата која ја совлада во финалето на каталонскиот Суперкуп и ASOBAL Суперкупот, Лазаров и соиграчите покажаа реакција по лошиот меч во Полска. Карабатиќ по неполна минути го постигна првиот гол на средбата. Следуваа 3 врзани одбрани на Гонзало и гол на Сармиенто од контра за 2:0.
Лазаров прв стрелец во Лигата на шампионите оваа есен
![]()
Без разлика што Барселона го загуби последниот осми натпревар од овогодинешната Лига на шампиони, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров зад себе остави одлична европска есен. Со 64 гола на 8 натпревари тој е убедливо прв на листата на стрелците, а имаше и неколку вонсериски партии со двоцифрен број на голови. Иако веќе беше крал на стрелците во Лигата на шампионите и во дресот на Веспрем и во дресот на Загреб Кроација Осигурање, Лазаров не се оптоварува со голгетерското место оваа сезона.
Прв пораз на Барса, не помогнаа ни головите на Лазаров и Рутенка
![]()
ОРЛЕН Висла Плок - Барселона 34:31 (17:15)
Перфектната ракометна есен Барселона требаше да ја заокружи со тешкото гостување кај полскиот вицешампион Висла Плок. Но плановите на момците на Пасквал ги поремети Маноло Каденас и неговите ракометари кои направија подвиг каков што никој не направи во претходните 31 меч од официјален карактер оваа сезона. Предводени од Зеленовиќ и неговите голови со левата рака, полскиот тим поведе со 4:1 во 3 и 9:5 во 10 минута. Одбраната на Висла делуваше многу постабилно од каталонската, па неминовно беше гостите постојано да го бркаат водството на Висла.
Лазаров: „Во Катар одиме по сонот, а тој се вика Олимпијада„
![]()
По триумфот во Фленсбург, најдобриот стрелец на Барселона и оваа сезона во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров говореше на актуелни теми за официјалната веб страна на Лигата на шампионите. Се наврати на „кошмарот„ во полуфиналето минатата сезона и реваншот кој стигна пет месеци подоцна. Исто така говореше и за позитивниот момент во кој се наоѓа:
Зошто Лазаров е најдобар десен бек за 2014 година?
![]()
Вчера македонскиот интернационалец Кирил Лазаров го понесе признанието најдобар десен бек во светот за годината која изминува спорт специјализираниот портал „Handball-planet„
Оваа 2014 година Лазаров ја почна со одличното европско првенство во Данска, каде со 38 гола ја одведе Македонија во вториот круг. Посебно за издвојување се неговите партии против Чешка (12 гола) и Австрија (8 гола).
Лазаров најдобар десен бек на светот и во идеалниот тим за 2014 година
![]()
Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот за 2014 година во изборот на „Handball-planet". Во изборот на фановите и новинарите, македонскиот репрезентативец беше избран за најдобар во својата позиција. Тој освои 57 гласови, многу повеќе од Марко Вујин и Ласло Наџи. Лазаров се најде и на четвртото место на листата на најдобри светски ракометари, освојувајќи 57 гласа, зад Никола Карабатиќ со 88, Микел Хансен со 59 и Никлас Ландин со 58 гласови.




