Лазаров: “Старите волци„ го спасија мечот
Капитенот Кирил Лазаров пак мечот го заврши со двоцифрен број на голови и во моментите на колективна слабост ја повлече групата да верува впо пресврт. По мечот јасни потенцираше дека "старите волци„ го извлекоа мечот од пораз:
"Бодот е голем, нема дилема дека ова е еден голем бод за мирно продолжение на квалификациите. Првото полувреме имавме две лица, едното беа црните први 15 минути, период каде што одигравме како што не игра ниту една маалска екипа, ниту некој почетници. Ни се случи што ни се случи, не знаевме како да изреагираме. Тоа се случува и во сите врвни екипи сепак, но мечот е 60 минути, па нормално е во текот на играта да има криза.
На полувреме јас како капитен исценирав на некој начин тензија, притисок во соблекувална, им кажав дека сепак натпреварот не е загубен. Истата тензија пробав да ја пренесам и на теренот, кон судиите, селекторот и за среќа тоа успеа и се се заврши добро. Мислам дека и публиката на крај е задоволна. Во второто полувреме одигравме перфектно, па може да кажам одигравме на искуство. И пред мечот кажав дека ние сме искусна репрезентација која тоа мора да го искористи, па на некој начин ние "старите волци" го извадивме мечот" рече во микс зоната нашиот најдобар стрелец на мечот, пред со чартер лет да се упатат кон Скопје.
Од Злин,Чешка
Зоран Мишевски




