
Со три освоени бода во првите две кола, македонската ракометна репрезентација најави успешни квалификации за европското првенство во Полска 2016 година. Уште подобар беше стартот на нашиот капитен Кирил Лазаров, кој веднаш изби на првото место на листата на стрелците по два одиграни натпревари. Имено ракометарот на Барселона има 23 постигнати гола на двата меча со Швајцарија во Скопје и со Чешка во Злин.
По 13 постигнати гола во првиот натпревар, нашиот капитен постигна 10 гола и во неделата против чесите и се наметна како водечки стрелец во сите 7 квалификациони групи. Лазаров веќе беше крал на стрелците на европското првенство во Србија во 2012 година.