ФОТО: По мечот ремито се славеше како победа
Чуден, полн со турболенции и неизвесност беше нашиот пладневен меч во Злин по кој „Фалангата„ се радуваше на бодот како на победа. Со оглед на квалитетот на нашата група и изразената моќ на Франција, овој бод може да не доведе во многу поволна ситуација сами да си ја кроиме нашата судбина на мечот со Чешка во Скопје.
Со тоа веројатно не треба да стравуваме од било какви комбинации во мечевите на другите селекции, едноставно две победи над Швајцарија во гости со Чешка на домашен терен, би требало да не водат во Полска 2016 година. Така нерешениот резултат нашите навивачи и ракометари го прославија како победа.
Најмногу честитки добија Ристовски, Лазаров и опоравениот Мојсоски, кому овој меч многу му значи по долгата пауза. Македонија освои бод на теренот, но три на трибините бидејќи пак нашите навивачи ги надвикаа противничките и се враќаат горди и задоволни во татковината.
Од Злин,Чешка
Зоран Мишевски




