hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Македонија ќе игра во арена со само 1750 места

zlin arena

Злин е град на хокејот и овој град има арена за 5000 места, но квалификациониот натпревар меѓу Чешка и Македонија ќе се игра во малата „Еуроникс арена„ која собира 1750 места и се наоѓа на ридот од кој се гледа целиот град. Салата има само две трибини, но тие се блиски до теренот и атмосферата знае да биде жешка.

На овој терен во Злин последен пат играле во 2012 година и го совладале Исланд со 27:22. Во 12 години официјални мечеви на домашен терен, Чешка загубила само два меча, што доволно говори за нивниот домашен скор.

Share