Со својата „артилерија„ Барса до нова победа со над 40 постигнати гола
![]()
Гвадалахара - Барселона 31:41 (20:21)
Иако мораа малку повеќе да се испотат, ракометарите на Барселона успеаа да ја продолжат позитивната серија во ASOBAL лигата. На гостувањето кај Гвадалахара, Лазаров и другарите дојдоа до нови бодови. Домаќините почнаа одлично и со головите на Лопез Реј парираа до 4:4 во 6 минута. Лазаров веднаш погоди, а домаќините имаа водство се до 12 минута, кога Валур Сигурдсон од контранапад погоди за 8:9. Едуардо Реиг Гуљен точно на половина од првиот дел ја врати предноста на домаќините (11:10).
Лазаров застана на врвот на листата на стрелците
![]()
Со одличната серија на натпревари и двоцифрен биланс на голови, Кирил Лазаров полека прескокна неколку места и изби на првото место на листата на стрелците. Тој има 57 гола на 7 натпревари и има предност од 4 гола пред Момир Илиќ од Веспрем. За да остане на врвот по есенскиот дел на Лигата на шампионите, капитенот на македонската репрезентација треба добрата форма да ја потврди наредниот викенд во Полска против Висла Плок.
Златниот ноември на Кирил Лазаров
![]()
Во три натпревари во ноември само во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров постигна неверојатен 31 гол на мечевите со Фленсбург (во Германија и Шпанија) и Алингсас. Тоа ја покажува неговата одлична форма и покрај болките на левата тетива, заради која беше дозиран во мечевите од ASOBAL лигата. Клубскиот блесок се надоврзуваа и 23 гола за нашата репрезентација на крајот на октомври и почетокот на ноември во двата меча со Швајцарија и Чешка во квалификациите за ЕП во Полска 2016 година.
Застрашувачката форма на Лазаров го „голтна„ и Алингсас
![]()
Барселона - Алингсас 42:29 (18:17)
Гостувањето на шведскиот првак Алингсас солидно ја пополни „Палау Блауграна„ во последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите во Каталонија оваа година. Изедначено започна мечот и во првите 3 минути двете екипи погодија по два пати, а Лазаров реализира и седмерец. Гонзало како и на претходните средби бранеше одлично, а Сармиенто во 7 минута постигна гол од тешка позиција за 3:2. Теландер најдобро парираше меѓу гостинските ракометари, а Сорондо и Рутенка за прв пат им донесоа +2 на екипата водена од Пасквал.
Лазаров и Сигурдсон се богатство од Бога
![]()
Во интервјуто за „Мундо депортиво„ од Барселона направено со двајцата асови на Барселона, Кирил Лазаров и Гудјон Валур Сигурдсон, шпанските нoвинарски пера ги споредуваат двајцата ракометари со божествено богатство за Барселона.
„Нашиот систем на игра ми овозможува да постигнувам многу голови. Ти можеш да бидеш најдобар стрелец, но ако системот не ти нуди можност, не можеш да го покажеш својот квалитет. Задоволен сум како се одвива оваа сезона, иако ништо не сме направиле ако не ја освоиме Лигата на шампионите. Дури тогаш ќе бидам среќен„ вели Лазаров, кој со 45 гола е прв клубски стрелец и само два гола зад водечкиот во целото натпреварување, Момир Илиќ.
Барса пак раситни 40 гола и дојде до победа од рутина
![]()
Барселона - Хуанферса 40:25 (20:8)
Со многу рутина и со половина од силите, Барселона прокнижи нови три бода во борбата со рекордите во шпанската ASOBAL лига. Против Хуанферса од Хихон, каталонците постигнаа скоро двојно повеќе голови од противникот и се наоѓаат на само шест победи од апсолутниот рекорд во шпанскиот ракомет по бројот на последователни победи. Лазаров беше дозиран од страна на тренерот Пасквал, па и како цел ноемврви игра на најважните мечеви заради проблемите со тетивата од левата нога. Арменгол и Лапеља по 2 минути игра ги доведоа гостите во прво водство (0:2).
ФОТО: Барса се подготвува за Божик со победи и успеси
![]()
Со прво место во ASOBAL лигата и Лигата на шампионите и тоа без пораз, со освоен IHF Суперглоб, ASOBAL Суперкупот и каталонскиот Суперкуп, Барселона се наоѓа пред перфектна прва полусезона која ќе заврши во претпоследниот викенд во декември со Купот во Леон.
Лазаров изби на второто место на листата на стрелците
![]()
Со 19 гола во двата натпревари со Фленсбург, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров изби на второто место на листата на стрелци во Лигата на шампионите. Со 45 гола, Лазаров има најдобар просек на постигнати голови по одиграни минути, а неговата екипа Барселона со просек од 33,83 гола по натпревар е најдобар офанзивен тим во натпреварувањето. Само Момир Илиќ од Веспрем е поефикасен по шест одиграни натпревари од леворакиот бомбардер на Барселона:
Егзибиција во вториот дел за втора победа на Барса над Фленсбург
![]()
Барселона - Фленсбург 36:27 (14:16)
Со второ полувреме за паметење, ракометарите на Барселона по втор пат во една недела го совладаа европскиот првак Фленсбург и го елиминираа од можноста да го освои првото место во групата. Во меч кој го следеа 5.200 гледачи, Лазаров, Сигурдсон, Карабатиќ, Раул Ентрериос и голманот Гонзало беа инспиратори на уште едно звездено издание на избраниците на Хавиер Пасквал. Барса брзо поведе со 2:0, по одличниот старт на Гонзало на голот, но брзо Холгер Гландорф израмни на 2:2.
Лазаров: „Германските екипи секогаш ме мотивираат„
![]()
Во пресрет на вториот натпревар помеѓу Барселона и Фленсбург, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров ја откри својата посебна инспирација, кога игра со екипите од Бундеслигата. За каталонскиот „Мундо Депортиво„ Лазаров говореше и за амбиентот во „Палау Блауграна




