Бенидром ги испоти звездите, но бодовите се каталонски

Бенидорм - Барселона 25:28 (16:10)
Во познатото шпанско одморалиште блиску до Аликанте, ракометарите на Барселона го имаа последниот официјален натпревар пред репрезентативната пауза. Без Сергеј Рутенка, тренерот Пасквал беше дециден дека екипата сака да одпочне нова позитивна серија по ремито во Данска. Во жежок амбинет мотивираниот нов член на ASOBAL лигата во целост го положи тестот против шампионот. Со головите на Квартеро Санчез и Сантонја, домаќините поведоа со 2:0. Одговори Никола Карабатиќ со два гола за 2:2 во 4 минута.
Но мотивираниот домаќин диктираше темпо на почетокот од средбата и со голови од крилните позиции Хименез погодува за 4:2. Томас го следеше чекорот со Бенидорм, но со уште два гола на Квартеро Санчез, домаќините зголемија на 7:4 во 11 минута. Пасквал побара минута одмор кога на головите на Хименез се придодаде и Санчез Родригез за 9:5. Но наместо реакција, Бенидорм успеа да зголеми на високи +6 со голови од контранапад на Хименез и Кусак (11:5). Следеше мини-серија на првакот и со головите на Лазаров од седмерец, Сигурдсон од линијата од шест метри и Сорондо од транзиција, Барса намали на 11:8. Рио Расиљо во 24 минута ја прекина серијата на каталонците, но Лазаров брзо погоди и од игра за 13:9. На секоја најава за враќање на Барса во мечот, одговараше Бенидорм со нова серија како резултат на агрсивната игра и користењето на техничките грешки на фаворитот.
Рио Расиљо и Хименез го заокружија првото полувреме на подобра игра на Бенидорм со комотни 16:10. Хименез своето перфектно пладне го продолжи со гол за +7 во 31 минута. Нодесбо и Лазаров најавија дека Барселона по никоја цена не прифаќа да замине од мечот поразена. Домашната клупа побара тајм-аут, но веќе „машината„ на гостите влезе во ритам. Лазаров, Томас и Ентретиос погодија во нешто повеќе од 1 минута и веќе беше 18:17 во 41 минута. Сите погледи во домашната екипа беа насочени кон Хименез и неговите голови. Ја одржуваше својата екипа во предност се до 47 минута, кога Раул Ентрериос израмни на 21:21.
Тогаш почна нов меч, во кој искуството на Барселона играше главна улога. Капитенот Томас во 50 минута од крилна позиција за прв пат ја доведе гостинската екипа во водство (22:23). Од тој момент започна да се игра на нерви и по игра гол за гол при 24:24, во 56 минута погоди Гудјон Валур Сигурдсон. На почетокот од последната минута во свој стил Лазаров за прв пат погоди за +2 за Барселона. Гонзало остана несовладан во последните четири домашни напади и Томас со звукот на сирената ги постави финалните 25:28. Тешко издвојувана осма победа во ASOBAL лигата на екипата рекордер во последователни победи во шпанскиот шампионат. Во победата Лазаров и Карабатиќ вградија по 6 гола, Томас додаде 5, а голманите Шариќ и Гонзало имаа вкупно 14 интервенции. Кај Бенидорм, Хименез блескаше со 10 гола, Рио Росиља додаде уште 4 гола, а голманот Чикој имаше 12 интервенции. По мечот во кој најмногу се испотија во домашното првенство оваа сезона, момците на Пасквал сега ќе имаат двонеделни обврски со своите репрезенации пред продолжувањето на втората половина од есенскиот дел на ASOBAL лигата.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




