Лазаров и повреден најефикасен, Барса подобра од ПИК Сегедин
Барселона - ПИК Сегедин 30:25 (19:14)
Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со победата во мечот со унгарскиот ПИК Сегедин со 30:25. Одлучувачки за победникот беа последните минути од првиот и првите од вториот дел, откако Барса ја направи потребната разлика за победа. Нашиот Лазаров и Жалуз со по 6 гола без најефикасни и клучни ракометари во победата на каталонскиот клуб.
По почетокот во кој доминираа двата голмани, Барса прва се одлепи. Жалуз и Ентрериос донесоа предност од 5:2, па и на 7:4. Но, Унгарците водени од Деан Бомбач се враќаа во мечот и намалија на 11:10. Сепак младиот Гонзало де ла Варгас со нова серија на интервенции му помогна на својот тим да побегне на 16:11. Во овој период, Лазаров доживеа повреда на лицето по еден дуел со противничките напаѓачи. Но, тоа не го спречи нашиот ракометар, кој се врати до одморот и заедно со Томас крунисаа одлични 30 минути, за убедливи 19:14.
Скоро 5.000 гледали и во второто полувреме видоа одлична борба и витештво. Вижомирски на голот на екипата на Пастор беше инспиратор на периодот во кој ПИК Сегедин направи 4-0 и се врати до 24-20. Тогаш на сцена стапија Жалуз и Лазаров и на Барса му донесоа мирен финиш со водство од 29:24. Незгодниот унгарски тим, кој и создаде многу проблеми на Барса во ноември минатата година, мораше да капитулира за финални 30:25. Во екипата на Пасквал се истакнаа Жалуз и Лазаров со по 6 и Сигурдсон со 5 гола. Кај ПИК Сегедин со 6 гола најефикасен беше Бомбач. Барселона сега се наоѓа на чекор до пласман на првото место во групата и пласман меѓу осумте најдобри без настап во осминафинелето.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:






