hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пуштени во продажба билетите за Олимписките квалификации

FwKdm644leAzO1oqBGL81iPsZ gUHOdII4maa7steCE

Денес на пладне полската ракометна федерација ги пушти во продажба билетите за предолимпискиот ракометен турнир, кој ќе се одржи во Гдањск од 8 до 10 април. Билетите имаат цена од 14 до 24 евра, а организаторите нудат пакети од 35, 50 и 60 евра за сите три натпревари.

Билетите можете да ги набавите на следната веб-страница . Натпреварите ќе се играат во „Ерго Арена", која има капацитет од 10.500 столчиња. Прв противник на Македонија ќе биде домаќинот Полска на 8 април. Следниот ден ќе играме против Тунис, а на 10 април ќе го играме последниот натпревар против репрезентацијата на Чиле.

002

Share