hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров мотивиран против Ристовски, Барса во четвртфиналето

lazarov i nodesbo

Барселона - Рајн Некар Ловен 26:20 (11:10)

Ракометарите на Барселона го совладаа германскиот Рајн Некер Ловен со 26:20 (11:10) и сега Лазаров и соиграчите се на само една пречка до пласман на уште еден фајнал-фор. Мечот започна израмнето и со головите на Жалуз и на Сигурдсон, Барса двапати поведуваше, а Германците преку Баена израмнуваа.

002

Сепак Каталонците први се одлепија откако по тврдиот почеток Виктор Томас и Тунижанецот Жалуз на половина од првиот дел погодија за 8:5. Рајнкајд и Петерсон намалија на 9:8, а Борко Ристовски му одбрани зицер на Сигурдсон, кој од следната сезона ќе му биде соиграч. Швајцарецот Шмит во следниот напад погоди низ домашната зона за 9:9 и нов почеток. Гостите дури имаа енергија и да поведат, но нововлезениот Филип Јиха погоди за 11:10 во 27 минута. Токму Чехот погоди за минимални 11:10 за Барселона на полувреме.

BARCA TAJM AUT

Вториот дел започна со два гола на нашиот Лазаров за 15:12 во 35 минута. Нашиот ас со „сув лист" го измами Апелгрин, а потоа ефектно го измани и нашиот Борко Ристовски. На спротивната страна Гонзало одбрани седмерец и зицер и со над 50% успешност го принуди Николај Јакобсен на тајм-аут при 17:12 со голот на Раул Ентрериос. Нашиот Лазаров и Жалуз видливо го подигнаа нивото на игра и на половина од играта во вториот дел резултатот гласеше огромни 19:13. Од тој момент на чиста рутина екипата на Барселона го приведе мечот кон крај за финални 26:20. Во екипата на Барселона Жалуз постигна 6 гола, како и нашиот Лазаров. Сепак многу заслуги за победата има и Гонзало Варгас кој бранеше и што може да се брани и што не може. Кај Рајн Некер Ловен Борко Ристовски на голот беше одличен, а Шмит со 5 гола пак беше најефикасен. Барселона е четвртфиналист и ќе ја прескокне следната нокаут фаза, а Рајн Некер Ловен ќе мора да игра осминафинале.


Share