hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нов двегодишен договор за Аитор Арињо со Барселона

arino002

23-годишниот ракометар кој е продукт на школата на Барселона, Аитор Арињо потпиша нов двегодишен договор со клубот, откако договорот му беше на истек ова лето. Арињо има голем напредок во последните две сезони и како резултат на тоа добива се повеќе шанса кај Чави Пасквал, а за првпат беше повикан и во најдобрата шпанска репрезентација.

Директорот на клубот Давид Баруфет истакна дека задоволство му е продолжувањето на соработката со Арињо и потенцира дека базата на домашни ракометари е најважна во нивниот клуб.

Share