hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Гонзало несовладлив, Барса пак победува со многу резерва во нозете

barca - huesca 2002

Барселона - Хуеска (20:12)

По победата во Шведска против Кристијанштад, ракометарите на Барселона имаа само два дена да го подготват домашниот меч со Хуеска. Иако квалитетот е јасно на нивна страна, сепак мораа сериозно да му пријдат на предизвикот. Откако први примија гол, Каталонците преку Сипржак, Виктор Томас и Арињо направија серија и поведоа со 5:1.

Потоа Ернесто Гурбиндо двапати ја погоди мрежата на Димитрије Пејановиќ за 9:4. Хуан Гонзалез Новил возвраќаше за Хуеска, а кога Долдан погоди за 13:8, јасно беше дека овој меч ќе биде преполн со голови. Во 20 минута Руезга и Нодесбо ги постигнаа првите голови за 16:8 и тајм-аут на гостите. Лазаров со гол и асистенција го заврши првиот дел со 20:12 и лесна доминација на европскиот првак. Гонзало на голот бранеше одлично и можеше да се претпостави дека ова ќе биде негова вечер.

Партуса и Фуентес одлично го почнаа вториот дел и со серија од 4:1, гостите од Хуеска се вратија на пристојни -5. Но, кога и да се доближеа гостите следеше реакција на моќниот ривал и Абељо и Сипржак реализираа за 23:16. Бројот на технички грешки кај домашните ракометари стана превисок и Мендиола и Фуентес ја погодија мрежата на Данијел Шариќ за 27:23 во 42 минута. Лазаров погоди седмерец за 32:26 во 48 минута и Барса не дозволуваше противникот да влезе во драматична завршница. Скандинавците Нодесбо и Сигурдсон реализираа за 37:29 во 53 минута и прашањето околу победникот беше решено. До крајот рутински завршена работа и победа на домашната екипа од 42:32. Во екипата на Барселона најефикасни беа Томас со 8 и Нодесбо со 7 гола, блескаше Гонзало на голот со 19 одбрани, а нашиот Кирил Лазаров постигна 4 гола. Во тимот на Хуеска се истакна Фуентес со 7 гола, а потфрлија голманите, кои во текот на мечот имаа само 7 интервенции.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share