hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Марко Копљар неколку недели надвор од терените

koplar002

Марко Копљар поради повреда ќе отсуствува од терените во наредните 5-6 недели. Копљар го повреди коленото на мечот од шпанскиот шампионат на неговата Барселона против Фригорификос Моразо, кој заврши со победа на Барса со 34:22.

Така, Хрватот ќе отсуствува од терените во претстојните натпревари на Барселона. Неговиот придонес ќе недостига во Лигата на шампионите, бидејќи тимот на нашиот Кирил Лазаров е неприкосновен во шпанскиот шампионат.

30 годишниот Хрват ќе води битка со времето за настап на квалификациите за ОИ, каде Хрватска е во група со Данска, Норвешка и Бахреин. Копљар беше дел од репрезентацијата на Хрватска, која освои бронзен медал на штотуку завршеното ЕП во Полска.

Share