hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров пак клучен човек, Барса со нова победа

tomas gudalajara

Гвадалахара – Барселона 26:36 (14:18)

Ракометарите на Барселона ја забележаа 81 победа по ред во домашното првенство. На гостувањето во мадридското предградие совладан е тимот на Гвадалахара со 26:36 (14:18).

Домаќините започнаа одлично и преку Руиз повеќе од 10 минути одржуваше рамнотежа. Лазаров постигна два гола, а еднаш погоди Сорондо за 5:8 во 12 минута. Чуфа погоди од седум метри, Данијел Шариќ почна да брани се подобро и на половина полувреме предноста веќе исе зголемуваше +5 (7:12). И по исклучувањето на Сипржак, Барса не престана да верува дека може да ги реши дилемите околу победникот уште до одморот. Колома и Дел Саз постигнаа два неодговорени гола и во игра со слаби одбрани, на одмор се замина со 14:18.

002

Вториот дел започна во знакот на Виктор Томас и неговите голови. Брзите контри му дадоа полет на гостите и Лазаров реализира седмерец за 16:22. Бозалонго Руиз нареди неколку ефектни гола, а голманите на Барса немаа своја вечер. Предноста од 5-6 гола стоеше се до 47 минута. Тогаш, пак Томас и пак Лазаров реализираа голови за дефинитивно одлепување (17:26). Таа предност му дозволи на Пасквал да им даде шанса на помладите ракометари. Душебаев погоди за 22:32 и првата двоцифрена предност. До крајот таа предност остана на сцена и Барселона го совлада противникот со 26:36 . Во победничката екипа Томас и Лазаров постигнаа по 6 гола. Кај Гвадалахара, Бозолонго Руиз исто така постигна 6 гола. Барса е на прагот на трета последователна перфектна лига и се ближи бројката од 100 последователни победи. За време на викендот Барселона игра со Рајн Некар Ловен во мечот за првото место во групата, во меч на македонските репрезентативци Лазаров и Ристовски.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share