hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Имаме многу квалитетен стручен тим, со кој децата ќе напредуваат

treneri kamp

Вчера во Охрид стартуваше вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" на кој ќе учествуваат околу 250 деца. Учесниците на кампот поделени се во пет групи, според нивниот квалитет и возраст, распоредени кај врвни тренери со високи амбиции. На идните шампиони им се обрати Кире Лазаров, кој во името на тимот го претстави проектот како многу посолиден од првиот камп.

„Секој почеток е тежок, сега ни е многу полесно, а годинава сме и поорганизирани, иако сметам дека лани направивме еден добар проект, после завршувањето бевме повеќе од задоволни од очекуваното. Продолжуваме понатаму, ќе имаме две смени, интересот за овој камп беше голем. Првичната идеја не беше да се шириме во две смени, меѓутоа сакавме да ја испочитуваме волјата на сите деца, не сакавме да ставиме лимитиран број, ниту да трупаме луѓе. Од нашето слободно време како ракометари професионалци ќе одвоиме и за децата и навистина се надевам дека ќе имаме успешно издание. Можеме да донесеме милион гости, но најважно од се е што имаме квалитетен стручен тим. Имавме еден технички состанок каде што лично им се заблагодарив. Поголемиот дел од нив ги познавам лично, сум работел со нив како тренери, со некои од нив сме биле колеги кои сега запловиле во тренерските води. Тие се наши најголеми амбасадори, се работи пред се за квалитетни луѓе со голема спортска амбиција и мене ми е чест што прифатија да бидат дел од овој камп", посочи Кире Лазаров.

Следните две недели на кампот во Охрид ќе продефилираат неколку македонски репрезентативци и тренери од стртанство од кои нашите учесници ќе има што да научат.

Share