Подвигот комплетиран, Македонија ја прескокна Чешка и обезбеди Мундијал

Македонија - Чешка 34:27 (19:11)
Македонската машка ракометна репрезентација го продолжи континуитетот и се квалификува на СП во Франција следната година. Момците на Лино Червар со супериорна игра го надоместија заостанувањето од минатата седмица од Злин кога загубиј од Чешка со 22:28, и со 34:27 го обезбедија Светското првенств во Франција. За подвигот придонесе и присуството на Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски, кои последен пат настапија во репрезентативниот дрес.
Македонија одлично влезе во мечот, поведувајќи со 4:1 пред сè благодарение на расположениот Миркуловски. Во следните пет минути следеше првиот пад во играта на денешниот меч, па така Чешка се доближи само на -1 (6:5). Но, на ова одговоривме со серија од 10:2 и водство од +9 (16:7) во 23 минута од мечот. Во меѓувреме, Чешка ни спушти на -7, но на полувреме сепак заминавме со + 8 (19:11).

Македонските ракометари во ист стил го започнаа и второто полувреме и веќе во 36 минута создадоа десет голови разлика (23:13), а во 44 минута по трите обида беше остварена максималната позитива од единаесет голови (26:15). Потоа следеше моментот на кој домашната публика е веќе навикната и неминовниот пад во темпото на македонските ракометари, што им овозможи на чешките со серија од 3:0 во 48 минута, да намалат на 27:19. На минута и половина до крајот Чесите намалија и на седум разлика. Сепак, искуството и присебноста на Лазаров и Мојсоски придонесоа да се одржи оваа потребна предност за пат во Франција.
Манасков беше најефикасен со 11 голови, 8 постигна Кирил Лазаров, од кои шест во второто полувреме, а Миркуловски додаде 6 гола. Кај Чешка повторно одличен на голот беше Мартин Галија со 11 одбрани, од кои три пенала, а прв стрелец беше Здрахала со 6 голови.
ФОТО: Филип Вирановски www.gol.mk




