Денес почнува вториот камп „Кирил Лазаров 7“

Денес во Охрид стартува вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7", кој оваа година ќе се одржи во две смени од 17-23 и 24-30 јуни. Над 250 момчиња и девојчиња од сеудм земји ќе се едуцираат и дружат со најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.
Според програмата, во текот на денешниот ден до пладне треба во хотелот Аквалина да пристигнат учесниците на првата смена, а околу 12.30 часот ним ќе им се обрати капитенот на македоснкиот национален тим, Кирил Лазаров и маркетинг агенцијата КМГ Спорт како организатор на кампот.

Двата терени добија комплетно нови подлоги за максимално безбедни и функционални тренинзи на учесниците, а обезбедена е врвна спортска опрема „Hummel" за секој учесник на кампот. За време на кампот ќе гостуваат реномирани ракометни имиња кои со своето искуство како гости ќе ги оплеменат тренинзите со своето долгогодишно искуство.




