Македонија во третиот шешир пред Мундијалската ждрепка

Македонската ракометна репрезентација ждрепката за групната фаза на наредното Светско првенство во Франција ќе ја дочека од третиот шешир. ИХФ во пресрет на церемонијата во „Хотел де вил" во Париз ги одреди шеширите кои се базираат без последните резултати на селекциите учесници.
Шешир 1: Франција, Катар, Шпанија, Германијаија
Шешир 2: Хрватска, Данска, Словенија, Полска
Шешир 3: Македонија, Шведска, Русија, Белорусија
Шешир 4: Унгарија, Египет Исланд, Египет
Шешир 5: Јапонија, Тунис, Бахреин, претставник на Пан Америка 2
Шешир 6: Ангола, Саудиска Арабија, Пан Америка 3, селекција со вајлд-карта
Теоретски Македонија може да се најде во група и со три и со само една друга европска репрезентација. Првенството ќе се одржи во Франција 16 години по последниот Мундијал одржан во оваа земја и тоа од 11 до 29 јануари 2017 година.
ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk




