hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија по петти пат ќе игра на Светско првенство

ki so ceska2

Македонскиот ракомет следниот четврток во престижен хотел во Париз ќе има свои претставници меѓу 24 селекции, кои следниот јануари 2017 година ќе учествуваат на Мундијалот во Франција.

Нашата земја го обезбеди своето петто светско првенство, трето во низа и ќе се обиде да го оствари најдобриот резултат во нашата историја. Дебитиравме во 1999 година во Египет со селекторскиот тандем Нишевиќ - Стефановски. Македонија го освои 18 место и ја забележа првата победа на завршен турнир (против Саудиска Арабија 28:21).

002

Следеше незаборавното светското првенство во 2009 година во Хрватска со Илија Темелковски на клупата и 11 место, кое тогаш беше наше најдобро постигнување на Светските првенства.

Со Звонко Шундовски во Шпанија го освоивме 14 место по поразот во осминафиналето од Германија. Две години подоцна во Катар бевме деветти, откако загубивме од Словенија во мечот за пласман во четвртфиналето.

Share