Лазаров „прва виолина„ во тешката победа на Барса против Висла

Барселона - ОРЛЕН Висла плок 30:25 (13:12)
Европското деби на домашен терен ракометарите на Барселона го имаа во „Палау Блауграна„ против полскиот вицешампион ОРЛЕН Висла Плок без повредениот капитен Томас и казнетиот Сергеј Рутенка. Нодесбо го отвори резултатот, а голманот Гонзало ги „прочита„ првите удари на Зеленовиќ. По неколку одбрани на полските голмани, а и Вихари му одбрани седмерец на Сигурдсон, данецот Нодесбо со гол од контра израмни на 2:2. Следеа два брзи гола на романецот Валентин Јонеа за 2:4 во 10 минута.
Анхел Монторо со резантен лоб го „вклучи алармот„ кај каталонците (2:5). Брзо реагираше домаќинот и Сармиенто и Арињо со два гола од полуконтра намалија на 4:5. Лазаров на половина од првиот дел израмни на 5:5 и домаќинот го пронајде вистинскиот ритам. Македонецот погоди на идентичен начин со скок шут преку блокот и Барса прв пат поведе (6:5). Леворакиот Лазаров го комплетираше својот хет-трик на голови со нова „бомба„ за 7:6. Откако Вихари одбрани два седмерци (на Сигурдсон и Лазаров) нашиот репрезентативец реализира уште два седмерци и со пет од последните шест гола, Барса поведе со 10:7. Сипржак ја прекина серијата на шпанците и намали на 11:9 во 25 минута. Следува период на обострани голови, на Жалуз и Раул Ентрериос за домаќините и Зеленовиќ и Тиуменцев за Висла Плок (13:11). Со звукот на сирената полските ракометари со реализиран седмерец на Роча намалуваат на 13:12.
Вториот дел почна со голот на Зеленовиќ за израмнување (13:13), но периодите на Барса беа „убиствени„ за гостите. Саубиќ и Карабатиќ го „одлепија„ домаќинот на 15:13, а Лазаров погоди по шести шат за +3. Маноло Каденас побара тајм-аут во 38 минута, кога Никола Карабатиќ за прв пат му донесе 4 гола предност на домаќините (20:16). Роча со два гола намали на -2, а Лазаров со седмиот свој гол, од седум метри зголемува на +3. Полека се „кршеше„ отпорот на Висла и Нодесбо и Карабатиќ погодија низ транзиција за 23:18 во 42 минута. Гостите реагираа и Никчевиќ од крилна позиција намали на 23:20 само минута подоцна. Л
азаров од седум метри ја врати комотната дистанца од +4, а Монторо без скок-шут погоди за 24:21. Двајцата леваци погодуваа во серија за 26:23 во 50 минута. Карабатиќ ги смири навивачите и со +4, се влезе во последните 9 минути. Шариќ одбрани два зицери и не дозволи момците на Каденас да се вратат во мечот. Пасквал побара минута одмор во 55 минута, откако Роча со лоб удар намали на 27:24. Сорондо ги реши дилемите околу победникот со гол за 29:25 во 58 минута. Карабатиќ погоди за спокојни и финални 30:25 и задоволство на неколку илјадната публика во „Палау Блауграна„ Со солидна партија на двата голмани и Лазаров во голема форма, Барса го надополни слабиот ден на крилата и изостаноците. 9 гола и одлична лидерска партија на македонецот и победа за јасен сигнал на конкуренцијата во Европа на Барселона.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




