Лазаров меѓу водечките стрелци по првите три кола од Лигата на шампионите

И оваа сезона најдобриот стрелец во историјата на европските купови меѓу активните ракометари, Кирил Лазаров одлично ја почна Лигата на шампионите. На три натптревари од кои еден во гости и два на домашен терен и покрај редовната ротација на тренерот Пасквал, нашиот Лазаров се истакна со 21 гол и е меѓу најдобрите стрелци по првите три кола. Минатата сезона каде Барселона беше трето пласирана во Лигата на шампионите, Лазаров ја заврши како најдобар клубски стрелец.
1. Момир Илиќ (Веспрем) 26
2. Жолт Балог (Пик Сегедин) 25
3. Мануел Лингер (Кадети Шафхаузен) 23
4. Тимур Дибиров (Вардар) 22
5. Деан Бомбач (Пик Сегедин) 21
6. Кирил Лазаров (Барселона) 21
7. Арон Палмарсон (Кил) 21
8. Миха Зарабец (Целје Пив. Лашко) 21
9. Алекс Душебаев (Вардар) 20
10. Матје Гребиј (Монпеље) 20




