Германија доби вајлд-карта за Катар на местото на Австралија
![]()
Меѓународната ракометна федерација му додели вајлд карта на Германија на местото на претставникот на Океанија, репрезентацијата на Австралија. Одлуката кој ќе ја добие вајлд-картата е донесена врз база на резултатите од последниот мундијал во 2013 година, односно на тимот што е најдобро пласиран, но не успеал да обезбеди место на овој мундијал преку континенталните квалификации.
Hummel e вистинскиот избор и ова лето
![]()
Големиот скандинавски бренд Hummel кој е долги години препознатлив знак во светот на ракометот, а со години со него соработува и нашиот Кирил Лазаров ја издаде својата најнова колекција за ова лето. Hummel и ова лето исфрли дел од своите производи и модели за овој период од годината. Изборот и ова лето е Hummel, гаранција за квалитет и долга традиција.
Втор роденден на официјалната веб страна на Лазаров
![]()
На 7 јули во 2012 година официјално во етер зачекори официјалната веб страна на најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, Кирил Лазаров. Во овие две години овој медиумски простор стана редовен сервис за настапите на нашиот капитен, за неговите клубски и репрезентативни активности, за неговата приватност и слично.
Во нашиот брак не постои зборот жртва, туку љубов
![]()
Ако љубовта се чита од очите, тогаш зборовите се излишни. Еден поглед зборува сe. Таа умее да препознае кога му е потребен одмор да ја поврати својата енергија. Тој го знае вистинскиот миг да ја поведе со себе на долги прошетки покрај морето. Македонската ракометна гордост Kире Лазаров ја запознал својата сопруга Љубица, кога имал 17 години. Поради неговата професија, живот им е исполнет со патувања. Живеејќи според мотото дека „жената се грижи за домот и семејството, а структурата ја поставува мажот", секоја промена не им го нарушува мирот. Напротив за нив таа е само новоискуство со повозбудливи мигови. Од минатата година нивниот дом се наоѓа во Барселона, поради ангажманот на Kире во најелитниот ракометен европски клуб со истоимен наслов. Градот во кој како што велат, животот личи на бајка.
Лазаров за Вистина.мк: Кариерата ќе ја завршам во Македонија!
![]()
По завршувањето на долгата и исцрпувачка сезона во Шпанската ракометна лига и Лигата на шампионите со неговата Барселона и одигрувањето на ракометниот бараж двомеч со Грција за пласман на СП во Катар 2015 година, македонскиот ракометен „Моцарт" , Кире Лазаров го затекнавме на заслужен одмор во Скопје. Неговата пауза ја искористивме да му поставиме десеттина прашања, на кои нашата ракометна „златна седумка" со задоволство одговори, а ние ги преточивме во ексклузивно интервју за читателите на Вистина.мк.
Ал-Ахли, последен учесник на IHF Суперглоуб
![]()
IHF потврди дека последен учесник на овогодинешниот Суперглоуб ќе биде катарскиот Ал-Ахли. Ракометна федерација на Катар имаше право да додели вајлд-карта на еден од домашните клубови и го одбра освојувач на Купот на Катар во сезоната која заврши Ал-Ахли. Оваа екипа ќе биде сместена во групата А, со Фленсбург, со бразилскиот Таубате и со шампоионот од неговата земја, Ел-Џаиш.
Страновски и Барса се „разделија„
![]()
По Хуанин Гарсија, Барселона во новата сезона 2014/15 ќе тргне и без второто лево крило. Словакот Мартин Страновски, иако неговиот договор важеше до јуни 2015 година, спогодбено го раскина со Барселона. Во клубот дојде Гудјор Валур Сигурдсон, а каталонскиот гигант верува и во Аитор Арињо.
Аргентина доминира во Јужна Америка, на мундијалот и Бразил
![]()
Во пресрет на 20 јули и ждрепката за светското првенство во 2015 година во Доха, познати се и скоро па последните патници на мундијалот. Од Пан-американскиот шампионат за пласман се бореа преку 10 селекции, а се квалификуваа Бразил и Аргентина. Бразилците во групата А беа првопласирани со победи на САД (28:17), Гватемала (54:12) и Уругвај (32:15), додека Аргентина исто така завршија како први во групата Б со три победи над Гренланд (33:20), Мексико (33:16) и Чиле (34:19).
Лазаров и Барса во група со Фленсбург, Колдинг и Висла
![]()
Барселона и Фленсбург се најдоа во иста група од наредната Лига на шампиони по денешната ждрепка. Овие две екипи играа во полуфиналето на последниот Final four во Келн, а во септември оваа година се најсериозни кандидати за финале на IHF Суперглоб во Доха. Покрај овие две екипи во Б групата на Лигата на шампионите се Колдинг, Алингсас, Висла и екипа која ќе произлезе во квалификациите.
Барселона носител во ждрепката за Лигата на шампионите
![]()
Европската ракометна федерација го објави редоследот на квалитативните шешири пред петочната ждрепка по која ќе се дознаат групите за Лигата на шампионите во сезоната 2014/15. Барселона на Кирил Лазаров е во групата на носители заедно со Кил, Веспрем и Киелце.




