hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа од 18 разлика за Барса кај Пуерто Сагунто

kire so puerto sagunto

Пуерто Сагунто - Барселона 27:45 (11:20)

Шести меч и шеста победа на шампионот Барселона во шпанската ASOBAL лига. На гостувањето кај Пуерто Сагунто, Кирил Лазаров и другарите славеа со 18 разлика и се зацврстија на врвот на табелата. Шариќ добро го отвори мечот на гостинскиот гол, а Сигурдсон и Карабатиќ ја донесоа првата предност на гостите (1:2). Лазаров својот прв гол го постигна во 8 минута за 3:5 за Барселона.

Сладиќ погоди за домаќините, но многуте ресурси на Барселона не му дозволија на Пуерто Сагунто повеќе од половина полувреме да биде во мечот. Карабатиќ и Лазаров во 20 минута ја донесоа поосетливата предност на гостите со голови од транзиција за 9:15. До одморот Шариќ одбрани два седмерци, а Саубич и Жалуз погодија за 11:20 на крајот од првиот дел. Барса делуваше спокојно и како да сакаше на рутински начин да ја заврши работата. Вториот дел започна со лесни голови на Сармиенто и Саубич и неколку одбрани на Гонзало. Роландос Бернатонис со три последователни гола го одржуваше домашниот дим во едноцифрено заостанување.

Но Саубич во 35 минута погоди за 14:25 и до крајот само прашање беше кој ќе биде конечниот резултат. Белорусинот Рутенка само што влезе во игра погоди два пати низ домашната одбрана, а и Арињо од контрапанад реализираше за 16:31 во 41 минута. И по тајм-аутот на домашната клупа работите не се сменија и Пуерто Сагунто беше немоќен да парира на „каталонските џинови„ Лазаров се врати во игра и веднаш погоди преку блокот во 47 минута за 22:34. Хименез и Бернатонис само за момент ќе го прекинат гостинскиот серијал од голови, но мечот се одвиваше во една насока. Домаќините беа немоќни на последниот бран на шпанскиот шампион, а Ентрериос и Жалуз го зададоа завршниот удар. Лазаров во 59 минута го постигна четвртиот гол за 27:45, што беше и конечниот резултат.

Во победничката екипа Арињо постигна 6 гола, Лазаров, Саубич, Рутенка, Сорондо и Ентрериос додадоа по 4 гола, а голманите Шариќ и Гонзало собраа 19 интервенции. Кај Пуерто Сагунто голманите беа немоќни ништо да одбранат (само 4 интервенции), Бернатонис беше најефикасен со 7 гола, Фернандез даде 6, а Хименез 5 гола. Барса рутински си ја заврши работата и го доби 15 меч во серија од почетокот на сезоната. В недела во Барселона против Бешикташ момците на Пасквал ќе го имаат вториот европски тест против екипата која на хартија е најслаб ривал во групата од Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share