hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Егзибиција и нова домашна победа за Барселона

barca so ciudad encatntada

Барселона - Сиудад Енкантада 42:22 (25:8)

Во меч на апсолутна супериорност, ракометарите на Барселона ја совлада Сиудад Енкантада со 20 гола разлика. Младиот Алекс Гомез дебитираше за каталонците и се запиша меѓу стрелеците, а повредените ракометари и натаму ги лечат повредите пред посилните октомвриски тестови. Барса почна одлично и започна со предност од 5:1 во 6 минута, благодарение на двата гола на Жалуз и еден на Јоан Саубич.

Кон добриот почеток на средбата се приклучи и Никола Карабатиќ и неговиот гол во 10 минута, донесе 8:2 за домашната екипа. Младиот Балагер Ромеу возврати за екипата на Сиудад Енкантада, а со првиот гол на Тамба Банке гостите намалија на -4. Двата бека Карабатиќ и Жалуз и интервенциите на Гонзало на половина полувреме ја искачија предноста до високи 14:3. Гостите немоќни било што да сторат примаа голови од транзиција и „мирисаше„ на катастрофа. И кога Пасквал почна да ја ротира екипата, дистанцата меѓу шампионот и Сиудад Енкантада не опаѓаше, туку се зголемуваше. Следуваа голови на Сорондо и повратникот Раул Ентрериос и на одмор Барса замина со 25:8. На почетокот на вториот дел погоди Лазаров за 26:10. Кога се разиграа и крилата и пред се погодуваше Гудјон Валур Сигурдсон, Барса брзо дојде и до 30 гол.

Во 38 минута нов гол од 9 метри на Лазаров, па првенец на Рутенка за 33:14. На голот на Барселона застана Шариќ и во последниот период од мечот собра 8 интервенции. Со три гола од далечина, белорусинот Рутенка го проби лимитот од 20 разлика и до крајот прашање беше само со која дистанца првакот на Шпанија ќе го добие натпреварот. Рубен Марчан за кратко ја прекина серијата на каталонците и погоди два пати во 50 минута. Но катастрофата не им гинеше на ракометарите на Сиудад Енкантада. Лазаров со асистенција за младиот Алекс Гомез на 9 секунди до крајот ги постави финалните 42:22. Во екипата на Барселона по 6 гола постигнаа Карабатиќ и Арињо, 5 гола постигна Сорондо, а по 4 додадоа Гурбундо, Сармиенто и Лазаров. Кај Сиудад Енкантада Тамба Банке беше стрелец на 4 гола, а Давид Балагер постигна 5. Се по планот на првиот фаворит, кој за неколку дена ќе дебитира на домашен терен во Лигата на шампионите против полскиот претставник Орлен Висла Плок.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share