„Лазарови„ стартуваа со победа во пионерската лига
Пионерската школа „Лазарови„ која со години опстојува во Свети Николе благодарение на Кирил Лазаров со убедлива победа од 17:24 ја почна новата сезона 2014/15. Младите момчиња кои свои идоли гледаат во Кире и Филип Лазарови оваа сезона се натпреваруваат во пионерската лига. За разлика од минатата година кога пријавена беше кадетска екипа, оваа сезона направена е селекција помеѓу 30-40 момчиња кои ја сочинуваат пионерската екипа и сонуваат еден ден да бидат како нашите најпознати ракометари.
Нивната одлука да се приклучат кон ракометната игра е за поздравување, во периодот на експанзија на македонскиот ракомет и како порака за отргнување од пороците од улицата. Иако резултатот во овие категории не е најбитен, сепак добриот старт ги радува младите ракометари на школата „Лазарови„ кои секоја недела се борат за првенствени бодови во пионерската лига.




