Ла Рока противник на Барса во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп
![]()
Второлигашот Ла Рока е противникот на Барселона во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп. Тоа е одлуката на вчерашната ждрепка во Барселона. Во првото полуфинале на 21 август ќе се соочат Бордилс и Грањолерс, а Барса и Ла Рока ќе играат ден подоцна.
Македонија почнува со Австрија, а завршува со Иран
![]()
Македонската ракометна репрезентација мундијалот во Катар ќе го започне против стариот познаник Австрија, која ја елиминиравме во баражот за Шпанија 2013 година, а ја совладавме и во јануари оваа година во Данска на европскиот шампионат. Веднаш потоа следи мечот со Тунис, па трет наш ривал е Хрватска, а завршуваме против БиХ и Иран. Мундијалот ќе се одржи во Доха од 15 јануари до 1 февруари 2015 година.
Македонија во група со Хрватска и БиХ
![]()
На денешната ждрепка во Доха, Македонија ги дозна противниците за мундијалот во Катар 2015 година.Во групата Б заедно со Хрватска ,Австрија, Тунис, БиХ и Иран нашиот национален тим ќе брка едно од првите 4 места кои водат во осминафиналето.
На крајот на август ќе се решава каталонската Суперкуп титула
![]()
За разлика од минатата сезона кога не се одигра финалето на Суперкупот на Каталонија заради недостаток на термини, оваа сезона истата грешка нема да ја повторат челниците на каталонската федерација. Веднаш се одредени термините за полуфиналето и финалето на ова натпреварување, па на 22 и 23 август ќе падне одлуката за најуспешната каталонска екипа. Бордис, Ла Рока, Грањолерс и Барселона се учесниците во полуфиналето, чие што место на одигрување дополнително ќе биде одредено.
Арагон прв ривал на Барса во новата ASOBAL лига
![]()
Познат е календарот за новата натпреварувачка сезона во шпанската ASOBAL лига. На почетокот на септември одбраната на титулата екипата на Барселона на Кирил Лазаров ќе ја почне против Арагон на новиот тренер Деметрио Лозано. Со оглед на тоа што Барселона на 7 септември, кога е предвиден терминот за овој меч ќе биде во Доха на IHF Суперглоб, најверојатно истиот ќе се одигра порано или подоцна.
Страновски потпиша за Ерланген
![]()
Многу брзо по раскинот на договор со Барселона, Мартин Страновски си најде нов клуб. По долги години во Шпанија, брзото крило сега ќе игра во Германија. Од идната сезона словакот ќе го носи дресот на Ерланген, екипата која беше вицепрвак во Втората Бундеслига и со тоа обезбеди дебитански настап во најсилната лига на светот
Верификувана првата македонска пена на Барселона
![]()
На седницата на Управниот Одбор на ФК Барселона на синоќешниот состанок донесе неколку одлуки, меѓу кои се и акламациите за 10 нови пении. Меѓу нив и првата македонска пена на славната Барса со седиште во Струмица. Остварување на големиот проект кој веќе неколку месеци функционира во нашата земја, а сега е и официјално дел од големото семејство на каталонскиот клуб.
Карабатиќ опериран, ќе паузира еден месец
![]()
Ракометарот на Барселона и соиграч на Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ успешно е опериран во Каталонија по повредата на десниот лакт. Тој веќе го започна процесот на рекуперација и ќе паузира еден месец. Карабатиќ зад себе остави одлична сезона, исполнета со пет трофеи со Барселона.
Македонија во третиот шешир пред ждрепката во Доха
![]()
Во пресрет на ждрепката за ракометниот мундијал во Катар, IHF ги објави шеширите по кои ќе се раководи во пресрет на распоредувањето на групите. Македонија е во третиот шешир заедно со Катар, Алжир и Русија и тоа се единствените три репрезентации со кои не може да се сретне. Пласман во осминафиналето обезбедуваат најдобрите четири од секоја од четирите групи, составени од шест репрезентации.
ВИДЕО: Голот на Сигурдсон, гол на годината во Бундеслигата
![]()
Новото засилување на Барселона, исландското крило Гудјон Валур Сигурдсон е автор на најубавиот и најспектакуларниот гол на штотуку завршениот шампионат на Германија. Имено асот кој во новата сезона ќе биде соиграч на нашиот Кирил Лазаров во декември 2013 година против Лемго постигна ретко виден гол, кој сеуште се прераскажува.




