hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров, Сигурдсон и Томас со перфектен старт на сезоната

1937492 780636658666463 7452518769831993356 n

Официјалната веб страница на Барселона направи анализа на првиот дел од сезоната во кој Барса освои три трофеи и со три победи ја отвори новата ASOBAL лига. Нашиот ракометар Кирил Лазаров е најдобар стрелец во 11 официјални натпревари кои зад себе ги остави шпанскиот првак. Тој постигна 59 гола, од кои 23 на IHF Суперглоб, по 18 во двата Суперкупа и 18 во првите три натпревари од домашното првенство.

Веднаш зад него е новото засилување од Кил, Гудјон Валур Сигурдсон со 56 гола, од кои 24 во Доха, 14 во трите средби од Суперкуповите и 18 во ASOBAL лигата. Капитенот Виктор Томас, кој се здоби со повреда по мечот на гости кај Хелветиа Анаитасума, на 10 натпревари постигна 50 голови, од кои 23 во Катар, 14 во мечевите од Суперкуповите и 13 во првите две средби од националното првенство. Со 45 голови против второлигашот Ла Рока во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп, преку 43 на гости во Памплона или редовно над 35 гола во Доха, екипата на Пасквал уште од стартот потврди што ги очекува ривалите до крајот на сезоната. А веќе овој викенд почнува Лигата на шампионите, каде каталонците имаат ненаплатени сметки.

Share