Најголемата ракометна фамилија, КЛ7, со роденденска порака за капитенот Кирил Лазаров
![]()
Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес.
Лазаров во идеалниот на ЛШ во 21-от век
![]()
Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров се наоѓа во скоро сите избори на најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Така, најдобриот стрелец на натпреварувањето се најде и во најдобрата седморка според данскиот ракометар Расмус Бојсен.
Прекината сезоната во ЕХФ Купот
![]()
Европската ракометна федерација одлучи да го поништи натпреварувањето во ЕХФ Купот за сезоната 2019/20. Иако претходно беа одредени нови термини за доигрување на сезоната во летните месеци, според најновите информации, нема услови за натпреварување во јули и август.
Среќни велигденски празници!
![]()
Светото јајце Христово што денес куќата ви ја краси, нека ви донесе многу здравје, среќа и од секакви маки нека ве спаси. Среќни празници на сите.
Официјалната веб страница на Кирил Лазаров ви посакува среќни Велигденски празници и ви пожелува добро здравје, многу радост и благосостојба.
Прекината сезоната во Франција, Нант е вицешампион и се враќа во ЛШ
![]()
Французите ги решија дилемите за прекинатата ракометна сезона. Таа нема да се доигра, а ПСЖ е прогласен за шампион.
Иако имаше уште осум кола до крајот на сезоната, таа нема да се доигра. Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа рече дека вонредната состојба и строгата изолација во земјата ќе продолжи уште еден месец, а тоа само придонесе ракометната федерација полесно да донесе одлука.
Лазаров: Седумката на дресот ја носам заради Тони Кукоч
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров деновиве зборуваше за хрватските медиуми на разни теми. Загреб кој беше погоден од земјотресот пред една недела , кој е еден од омилените градови на нашиот репрезентативен капитен, пулсира низ деновите на изолација, а Лазаров не го заборава главниот град на Хрватска.
Франција е противникот на македонските ракометари во баражот за СП во Египет
![]()
Денес во Виена се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското првенство, кое во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Македонија, како дел од вториот шешир во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.
Минимална победа на КЛ7 во Битола против Преспа
![]()
Овој викенд повторно на терен се вратија прволигашите и ја продолжија борбата за влез во плеј-оф натпреварувањето. Иако веќе имаат обезбедено пласман во плеј-оф фазата, ракометарите на КЛ7 вчера како гости се судрија со искусната екипата на Преспа 2015 во Битола.
Лазаров и Нант визираа полуфинале на Купот на Франција
![]()
Нант - Иври 43:26 (24:12)
Ракометарите на Нант се квалификуваа во на Купот на Франција и продолжуваат во трка по сите одличја оваа сезона. Екипата на капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров лесно се справи со Иври и го совлада со 43:26 (24:12).
Одличен втор дел, витална победа за Нант против Сант Рафаел
![]()
Сант Рафаел - Нант 29:33 (16:14)
Во еден од дерби дуелите од 18. коло на француското ракометно првенство, Нант стигна до уште еден значаен триумф, победувајќи го тимот на Сант Рафаел со 29:33 (16:14). Со оваа победа Нант успеа да го сочува второто место во францускиот шампиона и да реагира по поразот од Магдебург во ЕХФ Купот.




