Познат списокот ракометари кои ќе патуваат на подготовките во Словенија
![]()
Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац одбра 20 ракометари кои по новогодишните празници ќе заминат на финални подготовки во Словенија, а потоа списокот уште еднаш ќе биде скратен и ќе бидат одбрани оние кои ќе настапат на Европското првенство.
Новогодишен хепенинг на 600 дечиња од школата на капитенот Лазаров
![]()
Децата од КЛ7 школите низ Македонија изминатиов викенд имаа меѓусебна средба, запознавање и дружење преку забава со нивниот идол Кирил Лазаров. Предновогодишно, организирани од цела Македонија допатуваа во Скопје во салата на ОУ „Круме Кепески".
Лазаров го предводи идеалниот тим на 13. коло во француското првенство
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација е најзаслужен за зимската серија на победи на Нант во француското првенство.
Голема победа на Нант на теренот на Монпелје
![]()
Монпелје - Нант 28:29 (15:15)
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров во одлична форма и со серија на победи за својот Нант ја заврши календарската 2019 година. Иако малкумина веруваа, Нант се надмина себе си и го совлада Монпелје на гостински терен со 28:29 (15:15) во последниот натпревар од 13. коло на францускиот шампионат. Со оваа победа Нант изби на второто место и само ПСЖ има подобра есен од екипата на Лазаров.
КЛ7 загуби во дербито во Кавадарци
![]()
Ракометарите на КЛ7 загубија на гостувањето во Кавадарци против тимот на Тиквеш со 22:21 (12:7) во дуелот во кој влогот беше првото на табелата во групата 2 од Првата лига. Дербито во спортската сала „Јасмин" во Кавадарци беше решено во последната минута. КЛ7 се врати од -1, до три израмнувања во финишот. Беше 19-19, потоа и 20-20, па 21-21, но домаќините постигнаа погодок за 22-21 и победа за кавадарчани.
Нант ја доби драмата со Екс и скокна до второто место
![]()
Нант - Екс Провенс 25:24 (10:13)
Продолжуваат драматичните завршници и минималните победи на ракометарите на Нант во последните два месеци од годината. Во последниот натпревар од 12. коло на шампионатот на Франција, Нант го победи Екс Прованс со 25:24 со многу подобро второ, отколку прво полувреме.
Познат списокот на репрезентативци за турнирите во Србија и Романија
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир за меѓународни пријателски турнири во Србија и Романија.
КЛ7 слави во дербито против Младост Богданци
![]()
КЛ7 - Младост Богданци 32:30 (16:16)
Дербито на 11-тото коло во Првата лига им припадна на ракометарите на КЛ7. откако во неизвесен и возбудлив натпревар ја совладаа искусната екипата на Младост Богданци со 32:30. Во текот на целиот натпревар дури 18 пати резултатот беше израмнет, а нути една екипа немаше повисока предност од три погодоци. Екипата на КЛ7 не блескаше, но сепак успеа да ги освои бодовите.
Нант убедлив во Купот, лесно совладан третолигашот Анжер
![]()
Анжер - Нант 24:41
Ракометарите на Нант се пласираа во осминафиналето на Купот на Франција, откако ја оправдаа улогата на фаворит и го совладаа третолигашот Анжер со 24:41.
КЛ7 го победи и Аеродром и обезбеди место во плеј-офот
![]()
Аеродром - КЛ7 30:37 (14:17)
Ракометарите на КЛ7 дојдоа до деветтата победа во Првата лига и со тоа се пласираа во плеј-оф завршницата. Во десетото коло новиот прволигаш ја совлада екипата на РК Аеродром по вторпат оваа сезона, овој пат како гостин со резултат 30:37.




