Лазаров по подолго време играше во ЕХФ Купот и го потопи шпански Адемар Леон
![]()
Нант - Адемар Леон 32:26 (17:16)
По повеќе од две децении еден од најдобрите ракометари во историјата, Кирил Лазаров повторно заигра во ЕХФ Купот и тоа го стори со стил. Ракометарите на Нант со победа над Адемар Леон од 34:28 на домашен терен, ја отворија главната рунда на ЕХФ Купот. Гостите од Шпанија поведоа единствено на стартот, но брзо Нант започна да доминира и предноста полека почна да расте. Со гол на истекот на последната минута Адемар Леон намали на 17:16, најавувајќи рамноправен и неизвесен дуел.
Скршен отпорот на Шартр, Нант впиша прва пролетна победа
![]()
Нант - Шартр 33:31 (18:19)
Пролетниот дел од сезоната започна одлично за Нант и Кирил Лазаров. По успехот против Шамбери во Купот на Франција во неделата, поранешниот европскиот вицешампион ја запиша и првата пролетна победа во шампионатот. Вечерва во рамките на 14. коло од првенството на Франција екипата во која настапува Лазаров, го совлада составот на Шартр со 33:31 (18:19).
Лазаров го однесе Нант во четвртфиналето на Купот на Франција
![]()
Нант - Шамбери 27:24 (13:15)
Екипата на Нант го одигра натпреварот од осминафиналето од Купот на Франција против Шамбери и се избори за победа од 27:24, па Кирил Лазаров и соиграчите си обезбедија место меѓу најдобрите осум тимови.
Заврши меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“, Металург и КЛ7 први лауреати
![]()
Викендов што е зад нас се одржа првиот меѓународен турнир за млади категории "КЛ7 2020", чии домаќин и организатор беше ракометниот клуб КЛ7. На истиот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.
Кирил Лазаров ќе го отвори првиот турнир КЛ7 2020
![]()
Ракометниот клуб КЛ7 е организатор на првиот меѓународен ракометен турнир за млади категории, КЛ7 2020. Добар ракомет, собир на многу талентирани млади ракометари, нови искуства забава и дружење се очекувањата на организаторот.
КЛ7 организира меѓународен турнир за млади категории, ќе настапи и унгарски ПИК Сегед
![]()
Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 година ќе биде организатор и домаќин на меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020". На истиот ќе учествуаат осум екипи од пет ракометни клубови од Македонија и странство, домашните брендови Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер и вице шампионот на Унгарија ПИК Сегед, кој долги години е дел од престижната Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.
Mакедонија ја совлада Црна Гора во последниот тест пред ЕП
![]()
Македонија со победа ќе замине на Европското првенство откако денеска со 25:24 ја совладавме селекцијата на Црна Гора. Денешниот меч меѓу Македонија и Црна Гора кој се играше зад затворени врати, имаше неизвесен тек во сите 60 минути. Данило Брестовац и на овој меч настапи без капитенот Кирил Лазаров.
Лазаров не настапи, Македонија поразена во Слован Градец
Словенија - Македонија 33:28 (19:12)
Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во подготвителниот период пред Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Избраниците на Данило Брестовац загубија во Слован Градец од Словенија со 33:28 (19:12), само една недела по поразот во Инџија од Кувајт во вториот меѓусебен тест. Иако поразот е заслужен, треба да се има предвид дека капитенот Лазаров не одигра ни минута, а Брестовац тестираше комбинации пред официјалните натпревари.
Среќни новогодишни и божиќни празници!
![]()
Официјалната веб страница на Кирил Лазаров на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страница им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот.
Лазаров: Благи фаворити сме против сите ривали во групата
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров пријатно е изненаден од добрите игри на подмладената репрезентација на „Трофеј Карпати", откако неколку ракометари покажаа дека се подготвени да преземат дел од товарот и на претстојниот европски шампионат.




