Голем успех на КЛ7: Обезбедено четвртфинале на Купот во првата сезона
![]()
Новиот прволигаш, КЛ7 оствари голем успех и се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија во своето премиерно издание. Екипата на Андон Бошковски во полуфиналето од групата 1 славеше против Македонија Ѓорче Петров со 36:18, а во финалето кое носеше пласман во следната рунда го совладаа тимот на Јуниор Кисела Вода со 20:17.
Магдебург вторпат го надигра Нант и се чекира во четвртфиналето
![]()
Магдебург - Нант 29:28 (16:12)
Бундеслигашот Магдебург ја завери нокаут фазата на ЕХФ Купот со втората победа во директните дуели со Нант. Во докрај неизвесен дуел од четвртото коло од ЕХФ Купот, германскиот тим извојува победа од 29:28 и со резултат кој наликува на оној од пред една недела, го верификува првото место во групата. Нант покажа замор од натпреварот во четвртокот со ПСЖ, кој за малку пропушти да го добие, но ја плати цената на напорите и попушти во завршницата во Магдебург.
За рекордно време потполнет бројот од 400 учесници на шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7"
![]()
И официјално пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот е завршено. Како што беше очекувано, за само 20 дена од првичната објава за пријавување на шестиот камп капацитетот од 400 кампери се исполни.
Коралес го спаси ПСЖ, Нант пропушти можност да го победи лидерот
![]()
Нант - ПСЖ 29:29 (16:15)
Во натпревар за ракометните гурмани, Нант и ПСЖ играа без победник 29:29, што е прв натпревар кој лидерот и шампион на Франција не го заврши со триумф оваа сезона. По несреќниот пораз во завршницата против Магдебург, екипата на Нант се издигна, одигра многу компетитивен натпревар и прокоцка дури и можност за победа против моќниот тим на Раул Гонзалез.
„Семејството и децата се единствените работи кои Кире ги стави пред ракометот
![]()
Францускиот медиум „Уест Франс" на своите читалите им го доближи ликот на ракометарот на Нант и македонската репрезентација, Кирил Лазаров. За тоа каков човек и ракометар е нашиот репрезентативен капитен зборуваа неговите поранешни клупски другари Раул Ентрериос и Никола Карабатиќ, поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез и неговата сопруга Љубица.
Лазаров пак најефикасен, Нант првпат поразен годинава
![]()
Нант - Магдебург 28:31 (10:16)
Македонското дерби меѓу Лазаров и Кузмановски во ЕХФ Купот инвидуално му припадна на капитенот на репрезентацијата на Македонија, но Магдебург со победа се враќа од Нант и изби на врвот на групата Ц во ЕХФ Купот по третото коло. Германците му го нанесоа првиот пораз во официјален натпревар во 2020 година на Нант, откако славеа во изедначен дуел со 28:31 (10:16).
Историски дебакл на Данкерк, Нант останува перфектен годинава
![]()
Данкерк - Нант 15:34 (3:16)
Францускиот шампионат е тежок и напорен, па не е лесно да се игра во ритамот среда-недела-среда. Сепак, Нант пронајде вистински ритам и запиша уште една победа во вториот дел од сезоната. Екипата на Алберто Ентрериос го совлада Данкерк на гостински терен со убедливи 19 разлика, а импресионира првиот дел во кој Лазаров и соиграчите дозволија противникот да постигне само три гола.
Втора победа во ЕХФ Купот, Нант триумфално се враќа од Словенија
![]()
Горење - Нант 28:35 (12:19)
Два натпревари и две победи за Нант на Кирил Лазаров во ЕХФ Купот. По триумфот против Адемар Леон пред своите гледачи, екипата на Алберто Ентрериос го совлада словенечкиот претставник Горење на гостински терен со 28:35 (12:19). Така, по само две кола се наѕира патникот во четвртфиналето од групата Ц во второто по квалитет европско натпреварување.
Убедливо совладан Иври, Нант продолжува во победнички ритам
![]()
Нант - Иври 38:24 (16:13)
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров и неговиот Нант редат само победи во новата 2020 година. На полесен начин на предвиденото, второпласираната екипа на табелата вечерва го совлада Иври со 38:24 (16:13) и остана најблизок пратител на лидерот ПСЖ.
Започна пријавувањето за шестиот камп на Кирил Лазаров
![]()
„Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени..."...со овие зборови капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист Кирил Лазаров и КМГ Спорт, агенцијата која стои како логистичка поддршка на настанот го најавуваат шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7", кој од 19 јуни до 1 јули ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек, нашата гордост Кирил Лазаров.




