hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант дел од групата Б, Лазаров против три свои поранешни екипи

zdrep

Кирил Лазаров со Нант се враќа во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец и неговата екипа се најдоа во групата Б, во која се три поранешни клуба на Лазаров: Барселона, ППД Загреб и Веспрем. Во групата се, уште и Кил, Алборг, Мотор и Целје.

Група А

1. Вардар
2. ПСЖ
3. Киелце
4. Порто
5. ПИК Сегед
6. Мешков Брест
7. Елверум
8. Фленсбург

Група Б

1. Барселона
2. Веспрем
3. Кил
4. Алборг
5. Нант
6. Мотор
7. Целје
8. Загреб

Првите две екипи од групите го прескокнуваат осминафиналето и се пласираат директно меѓу осумте најдобри, последните две од секоја група испаѓаат. Останатите, од трето до шесто место ќе играат осминафинале.

Share