Голден Арт КЛ7 ќе тестира со суперлигаши во Охрид
![]()
Младите ракометари на Голден Арт КЛ7 ги продолжуваат подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската сезона во најквалитетното ракометно натпреварување во државата.
Голден Арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона
![]()
Тимот на Голден Арт КЛ7, предводен од Андон Бошковски, Билјана Црвенкоска и Димитар Маневски ги започнаa подготовките за новата сезона и ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на Ракометната федерција на Македонија, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.
Голден Арт КЛ7 дел од групата А на Суперлигата
![]()
Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите за натпреварувачка сезона 2020/21 за Суперлигата. Голден Арт КЛ7 ќе биде дел од А групата заедно со Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Охрид, Радовиш и Пролет. најдобрите три екипи од секоја група ќе играат плеј-оф, а останатите ќе разигруваат во плеј-аутот.
Нант почнува и завршува во групата на Лигата на шампионите против Веспрем
![]()
Европската ракометна федeрација го дефинира календаротза натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите. Во рамките на групата Б, Нант на Кирил Лазаров ќе започне и ќе заврши со унгарскиот првак и поранешен клуб на нашиот репрезентативен капитен, Веспрем. Првиот натпревар се игра на 16,17 септември во Франција, а последниот на 3,4 март следната година во Унгарија.
Србинот Милиќ претставен како нов ракометар на Нант
![]()
Милан Милиќ официјално беше претставен како нов ракометар на францускиот клуб и претставник на оваа земја во Лигата на шампионите, Нант. Младиот 22-годишен Србин потпиша четиригодиешен договор и ќе ја дели соблекувалната со Кирил Лазаров.
Нант дел од групата Б, Лазаров против три свои поранешни екипи
![]()
Кирил Лазаров со Нант се враќа во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец и неговата екипа се најдоа во групата Б, во која се три поранешни клуба на Лазаров: Барселона, ППД Загреб и Веспрем. Во групата се, уште и Кил, Алборг, Мотор и Целје.
Eден од најталентираните ракометари во својата генерација потпиша дoговор со Голден Арт КЛ7
![]()
Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски, според многумина еден од најнадежните млади ракометари во Македонија, следните години ќе биде дел од најмладиот ракометен клуб во земјава Голден Арт КЛ7. Роден е 2002 година, кадетски репрезентативец на Македонија, а во ракометот е од својата 12 година. Своите почетоци ги имаше во школата на професорот Јаковче Матлиески, а од 2016 Ѓорговски е во КЛ7 Струга, каде ги помина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска. Најдобар пример за ракометниот развој на децата под капата на големото семејство КЛ7 каде се работи под мотото „Ракомет за секое дете".
Давид Мирчевски и Марко Стојковиќ ги продолжија договорите со Голден Арт КЛ7
![]()
Давид Мирчевски и Марко Стојковиќ ги продолжија договорите со Голден Арт КЛ7. И двајцата се млади играчи родени 2003 година, во клубот Мирчевски е од неговото формирање август 2019, додека Стојковиќ дојде во декември минатата година. Тие заради нивната возраст имаат право на настап во кадетска, младинска лига и во првиот тим, однодно сениори.
Нант во третиот шешир пред ждрепката за групите на ЛШ
![]()
Францускиот претставник во Лигата на шампипните, Нант од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за најновот издание на Лигата на шампионите.
Лазаров и Лигата на шампионите е дводецениска љубов која сè уште трае
![]()
Новата сезона во ракометната Лига на шампиони е дефинирана, познати се сите 16 учесници и по новиот систем наесен се очекува нов почеток. По една сезона мината во ЕХФ Купот, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров се враќа во елитниот европски Куп – натпреварување во кое е апсолутен рекордер по бројот на сезони, настапи, голови.




