Лазаров и Гранлунд најдобри стрелци по првите два квалификациони натпревари
![]()
Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, и финскиот лев бек Макс Гранлуд се на врвот на листата на стрелци со по 17 гола по првите два квалификациски меча за пласман на ракометното Европско првенство во 2022 година, кое треба да се игра во Унгарија и во Словачка. Зад нив е Швајцарецот Енди Шмит со 16 погодоци, а по 14 реализации имаат Швеѓанецот Лукас Пелас и Естонецот Карл Том.
Лазаров е МВП на првите две кола од евро-квалификациите
![]()
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави на социјалните мрежи дека МВП за првите натпревари во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 е избран македонскиот ракометар Кирил Лазаров.
Голема победа во Шафхаузен, Македонија гледа кон ЕП
![]()
Швајцарија – Македонија 23:25 (10:10)
Македонија гледа кон Европското првенство во 2022 година, откако попладнево во Шафхаузен ја совлада Швајцарија со (10:10) и со две победи како и Данска изби на чело на табелата.
Лазаров даде 11 гола, Македонија ја надигра Финска на стартот на квалификациите
![]()
Македонија – Финска 33:24 (16:10)
Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа над Финска ги почна квалификациите за Европското првенство во 2022 година во Словачка и Унгарија. Во СЦ „Борис Трајковски" совладана е Финска со 33:24 (16:10).
Лазаров номиниран за најдобар десен бек во последната деценија
![]()
На повидок е уште едно големо признаниеза најдобриот македонски ракометар. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е номиниран за најдобар десен бек во последната деценија од страна на специјализираната интернет-страница за ракомет „Handball-planet".
Скратен списокот на репрезентативци, 19 имиња за дуелите со Финска и Швајцарија
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 19 ракометари.
Одложен натпреварот Нант - ППД Загреб
![]()
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прифати барањето на ППД Загреб и донесе одлука натпреварот кој требаше да се игра во Франција, во четврток на 29 октомври да биде одложен.
Брестовац го објави поширокиот список за почетокот на квалификациите
![]()
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Европското првенство во 2022 година.
Блескав настап на Лазаров, Нант поразен со гол во последната секунда
![]()
Лимож - Нант 32:31 (14:15)
По враќањето на терените, Нант одигра драматичен натпревар во Лимож и го претрпе првиот пораз во новата сезона во шампионатот на Франција. Тимот на Нант загуби на гостувањето кај составот на Лимож со минимални 32:31, со примен гол во последната секунда од натпреварот.
Реми во последната секунда во Струга, историски прв бод за Голден Арт КЛ7 во Суперлигата
![]()
Струга - Голден Арт КЛ7 23:23 (9:8)
Со голот кој го постигна Емилијан Ѓорговски во последните секунди, екипата на Голден Арт КЛ 7 дојде до првиот бод во Суперлигата и тоа на гостувањето во Струга (23:23). Резултатската тензија во дуелот на две релативно изедначени екипи траеше цело време. Голден Арт КЛ 7 поведе со 6:4 и потоа со 8:6, но на одмор гостите заминаа со еден погодок заостанување (9:8).




