Познат поширокиот список за Европското првенство 2020 година
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац, го објави поширокот список на ракометари за престојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка.
Лазаров играч на ноември во тимот на Нант
![]()
Продолжуваат перфектните денови за македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров. Репрезентативниот капитен е прогласен за најдобар ракометар на Нант за месец ноември. Лазаров освои 38,9% од гласовите на навивачите на францускиот клуб, а во конкуренција беа Никола Турне, Рок Овничек и Ајмерик Мине.
Нов пресврт на Нант, обезбедено полуфинале на Лига Купот
![]()
Данкерк - Нант 20:22 (14:9)
Магичниот ноември на ракометарите на Нант пренесен е и во декември, со оглед на тоа што екипата во која што настапува Кирил Лазаров запиша уште една победа, овој пат во Лига Купот на Франција. Ракометарите на Нант, во натпревар кој наликуваше на оној против Шамбери пред една недела, одиграа перфектно второ полувреме и го совладаа Данкерк на гостински терен со 20:22.
Нова победа на КЛ7, убедливо совлада екипата на Јехона
![]()
Младите ракометари на КЛ7 дојдоа до својата осма победа во деветото коло од Првата ракометна лига. Овој пат младата екипа ја совлада екипата на Јехона со резултат 38:27 (22:12) и се наоѓа на чекор до пласман во плеј-оф натпреварувањето.
Кирил Лазаров во идеалниот тим на 11. коло на шампионатот на Франција
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим на 11. коло на францускиот шампионат. По победоносниот гол, шесте погодоци и комплетната партија на теренот на Шамбери, Лазаров го заслужи местото меѓу седумте најдобри во колото.
Лазаров со гол во последната секунда го сруши Шамбери
![]()
Шамбери - Нант 28:29 (14:10)
Вторпат по неколку дена македонскиот ас Кирил Лазаров се покажува како клучен човек во клучните момент на неговиот Нант. Откако ја одведе својата екипа во групната фаза на ЕХФ Купот, македонскиот десен бек денес беше автор на победоносниот гол во пресвртот на Нант кај Шамбери.
Нант во група со Магдебург, Горење и Адемар Леон во ЕХФ Купот
![]()
Ракометарите на Нант ги дознаа своите противници во групната фаза на ЕХФ Купот. Екипата на нашиот Кирил Лазаров се најде во група со германскиот Магдебург (клуб каде што настапува Филип Кузмановски), словенечкиот Горење Велење и шпанскиот Адемар Леон.
Лазаров го одведе Нант во групната фаза на ЕХФ Купот
![]()
Арендал - Нант 30:30 (16:16)
Една од екипите со највисок рејтинг во ЕХФ Купот, француски Нант, благодарение на македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров се избори за место во групната фаза на второто по ранг натпреварување на Европската ракометна федерација. Нант вечерва одигра 30:30 (16:16) кај норвешкиот Арендал во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот, па минималната победа во Франција беше доволно за пласман меѓу елитата во натпреварувањето.
Шеста победа на КЛ7, убедливо совладан Партизан Гевгелија
![]()
КЛ7 - Партизан Гевгелија 42:20 (21:10)
Ракометарите на КЛ7 ја забележаа шестата победа во Првата лига. Синоќа во Скопје совладана беше екипата на Партизан од Гевгелија со резултат 42:20 во доминантен натпревар во кој водството во текот на сите 60 минути го имаа домаќините. По +11 на полувреме предноста само растеше и на крајот достигна големи 22 разлика.
Нант пресилен за Истр, положен тестот пред клучниот дуел во Норвешка
![]()
Нант - Истр 29:26 (18:12)
Ракометарите на Нант ја запишаа третата победа во седум дена, откако по третпат се радуваа на триумф пред своите гледачи. По победата над Иври во домашниот шампионат пред една недела и тесниот триумф над норвешкиот Арендал во третото коло на ЕХФ Купот, вечерва Нант запиша нови домашни бодови.




