
Како награда за навивачите кои ја бодреа Барселона во текот на целата сезоната, управата на новиот шпански шампион одлучи тренингот во понеделник од 12:30 да биде комплетно отворен за сите вљубеници на ракометот и навивачи на Барса. Имено вратите на арената ќе бидат отворени од 11:30 часот, потврдено е присуство на 2.500 деца, а предвидени се и многубројни изненадувања за присутните.
Со тоа екипата која освои пет трофеи во сезоната на најдобар можен начин го подготвува теренот за шесниот, кој може да го освои на 31 мај и 1 јуни на Final four турнирот во германскиот град Келн.