ВИДЕО: Каталонците низ шега се подготвуваат во Виго
![]()
По победата во Данска ракометарите на Барселона веднаш отпатуваа во Шпанија, но во Виго каде го подготвуваат наредниот натпревар од ASOBAL лигата против Фригорификос Моразо утревечер. Победата од 7 разлика над Алборг ги зајакна насмевките на лицата на Лазаров и другарите.
Барса и Лазаров со "хипотека" од 7 гола пред реваншот
![]()
Алборг - Барселона 22:29 (13:15)
Ракометарите на Барселона завршија голем дел од работата со победата во Данска против Алборг од 7 разлика во пресрет на реванш мечот од осминамфиналето на Лигата на шампионите наредниот викенд во „Палау Блауграна„ Во меч исполнет и со многу добри и помалку добри амплитуди, тимот на Кирил Лазаров авторитетно славеше во Скандинавија против жилавиот и мотивиран Алборг.
EХФ го менува форматот во Лигата на шампионите од 2015/16
![]()
На состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, во Виена беше детално разработен новиот формат за ЛШ, кој би вклучил 28 екипи, а би стартувал од сезоната 2015/16. Форматот ќе ги задржи групната фаза, двете елиминациски кола и фајналфор-завршницата, разликата е само бројот на тимовите и класификацијата во групите. Првите две групи, А и Б, ќе бидат составени од осум екипи, кои ќе играат класичен „робин-раунд" систем, со натпревари дома и на гости.
Лазаров со честитка за седмиот роденден на „Балкан-Хендбал„
![]()
Овој викенд популарниот ракометен портал „Балкан-Хендбал„ го слави својот седми роденден, а македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров е еден од пријателите на порталот, со години заеднички соработува и се наоѓа во голем дел од нивните содржини. Првото интервју за овој портал Лазаров го даде во 2007 година, тогаш како играч на Веспрем.
Лазаров и Барса го „напаѓаат„ Купот на Кралот во Памплона
![]()
Павиљон „Анаитасума„ попознат како „Катедрал„ во Памплона ќе биде домаќин на Final four на 39 издание на Купот на шпанскиот Крал во ракомет на 3 и 4 мај. Шпанската ASOBAL федерација муја даде довербата на Хелветуа Анаитасума да го организира завршниот турнир на кој полуфиналисти се Барселона, Грањолерс, Хуеска и Хелветиа Анаитасума. Памплона ја победи кандидатурата на Леида и Хуеска и во типичен ракометен амбиент пред 3.500 гледачи ќе биде познат наследникот на Атлетико Мадрид кој ја брани титулата од минатата сезона.
ВИДЕО: Капитените на Барса типуваат на победа сред Мадрид
![]()
Четворицата капитени на спортските секции на големата Барселона пред големото фудбалско класико, кое може да го реши првакот на Шпанија, се големи оптимисти за успех на нивните колеги од фудбалскиот тим. Имено капитените на Барселона во кошарка, ракомет, футсал и хокеј за Барса ТВ типуваат на гостинска победа на Меси и другарите, но ниту еден од нив не смета дека прв стрелец ќе биде баш аргентинецот. Еве ги комплетните прогнози:
Од Данска тргнува патот на Барса за Келн
![]()
Стартот на елиминационите натпревари во Лигата на шампионите е нов сериозен испит за главниот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Барселона на Кирил Лазаров. Од гостувањето кај Алборг во Данска започнува нокаут системот, по кој екипата која најдобро ќе мине оваа пролет во шесте средби до трофејот во Келн, ќе го наследи Хамбург на тронот. Барселона по 20 пат ќе игра осминафинеле на најсилниот Куп, а до сега од 19 двомеча, дури 16 пати минала во четвртфиналето.
Рекорд на голови и ново доближување до титулата
![]()
Барселона - Бидасоа Ирун 47:28 (25:12)
Во уште еден меч кој наликуваше на претходните, Барселона се доближи на уште еден чекор до математичко освојување на нова титула. Против повратникот во ASOBAL лигата, Бидасоа Ирун, Лазаров и другарите одиграа пак рутински и тоа беше доволно за нова победа и ведра атмосфера пред стартот на елиминационите мечеви во Лигата на шампионите. Пења и Караско од крилните позиции добро го отворија мечот за баскијците (1:2).
Барса со победи се подготвува за европската пролет
![]()
Хелветиа Анаитасума - Барселона 25:39 (13:22)
Пред враќањето на европските натпревари ракометарите на Барселона забележаа уште една победа, која само ја доближува математичката потврда на титулата. По 100 секунди Хавиер Бораган Фернандез го отвори резултатот во полза на памплонците, но следеше серија од седум минути во кои Шариќ не прими гол, а каталонците возвратија со четири гола. Три пати Карабатиќ и Нодесбо го насочија мечот кон „млинот„ на шампионот.
Marca: „Лазаров - тивкиот голгетер„
![]()
Во својот вчерашен текст, тиражниот шпански дневен спортски весник „MARCA„ го опишува Кирил Лазаров како тивкиот голгетер, кој не е така медијски експониран како останатите звезди на Барселона. Весникот го претставува Лазаров како идол на нацијата, но не е често во фокусот на медиумите во Шпанија како Карабатиќ и Рутенка.




