hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа во чест на Хуанин Гарсија

juanin garcija isprakanje

Барселона - Хуеска 41:21(18:14)

Барселона го доби и 15 домашен натпревар во сезоната во рамките на ASOBAL лигата и два шампионати по ред е без загубен бод на домашен терен. Победата момците на Пасквал му ја посветија на Хуанин Гарсија, кој го одигра последниот домашен натпревар и по 9 години ја напушта Барселона во Final four турнирот во Келн. Против Хуеска голем дел од гледачите во „Палау Блауграна„ и сите ракометари беа облечени во дресот на Хуанин да го поздрават најдобриот стрелец во историјата на ASOBAL лигата.

И самиот ас со број 6 во екипата на Барселона се обрати до јавноста пред почетокот на мечот и се заблагодари на подршката во сите овие години. Како и многу натпревари оваа сезона, каталонците полека го кршеа отпорот на гостите за да на крајот пак да стигнат до просекот на голови и убедлива победа. Mечот почна многу израмнето и Хуеска постојано израмнуваше, дури и поведе со 9:12 во 21 минута. Но тогаш Пасквал ја внесе „најсилната артилерија„ и Карабатиќ и Лазаров до одморот го свртија резултатот до 18:14 на полувреме.

Виктор Томас исто така придонесе каталонците во 6 минути да направат серија 7:0 и цели седум минути да не примат гол. На почетокот од вториот дел Барса ја подигна концентрацијата и голманот Данијел Шариќ со серија на интервенции му помогнаа на тимот на дојде до огромна предност. Веќе во 40 минута Гурбиндо погоди за двоцифрена предност (27:16). Ниту замената на голот на Хуеска, со влегувањето на Пабло Хернандез на местото на Коралес не ја смени инерцијата на мечот, па во 50 минута дебаклот ги стигна гостите (35:18).

Робин застана на голот во последните неколку минути, мечот доби егзибиционен тек и Новел и Ноласко на Хуеска му донесоа 4 неодговорени голови. На крајот огромни 41:21 за достојно испраќање на Хуанин Гарсија пред 1815 гледачи во „Палау Блауграна„ За Барселона Томас постигна 7, Карабатиќ 6, а Лазаров 5 гола. Новел со 6 гола беше најсветла точка во поразениот тим. На Барселона му преостанува само уште гостувањето кај Натурхаус Ла Роха во Логроњо за перфектна лига со 30 победи, а потоа и завршницата на Лигата на шампионите во Келн на 31 мај и 1 јуни.

Share