В сабота последен меч во „Палау Блауграна„ за Хуанин Гарсија
Најдобриот стрелец во историјата на ASOBAL лигата Хуанин Гарсија на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона на крајот од договорот. Легендарното крило и на шпанската репрезентација против в сабота од 20:30 часот во „Палау Блауграна„ против Хуеска ќе го одигра последниот домашен меч во шампионатот. Главна тема на вечерта ќе биде достоинствено и како што доликува да биде испратен каризматичниот Гарсија, кој во кариерата додека го носеше дресот на Барселона освои 27 титули, од кои 5 ASOBAL лиги, 1 Лига на шампиони, 1 IHF Суперглоб и 4 Купа на шпанскиот Крал.
Претходно настапуваше во Адемар Леон и два пати го освои КПК, а триумфираше по еднаш и во ASOBAL лигата, Купот на Кралот и ASOBAL Купот. 36 годишниот Хуанин Гарсија стана светски првак со Шпанија во Тунис во 2005 година, а има и сребро од ЕП во Швајцарија 2006 и бронзи од ОИ во Пекинг 2008 и Сп во Шведска 2011 година. Хуанин Гарсија е и најдобар стрелец во историјата на шпанската репрезентација. „Тој е многу повеќе од ракометар„ рече тренерот Пасквал, а самиот Гарсија на вчерашната прес-конференција ги нарече овие 9 години во Барса, како најдобрите години од неговиот живот. „Вечно сум благодарен што ја добив оваа шанса да го носам дресот на овој клуб и се надевам дека бев достоен за Барселона„ заврши полн со емоции Хуанин Гарсија.




