hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пет од пет во сезоната за Лазаров и Барселона

kire vo skopje

Со сигурност ова ќе биде најуспешната сезона во кариерата на Кирил Лазаров. Никогаш претходно немал пет трофеи во една клубска сезона, а постои простор за освојување на уште две. Имено се започна во август и септември минатата година, кога капитенот на македонската репрезентација во Доха го освои IHF Суперглоб со победата над Хамбург, а на шпанската сцена триумфираше во Сарагоза против Натурхаус ла Роха во ASOBAL Суперкупот.

Во декември во „Палау Блауграна„ се славеше ASOBAL Купот со победата во финалето против Грањолерс, а пред неполн месец и математички беше потврдена титулата во ASOBAL лигата. Сега сред Памплона, Барса го освои и националниот Куп и пак жртва беше Грањолерс. До крајот на оваа сезона нашиот најдобар ракометар ќе се обиде да освои и некои од ретките трофеи кои до сега не ги освоил: Каталонскиот Суперкуп и пред се Лигата на шампионите. На патот до незаборавна сезона со седум трофеи им стои Грањолерс, Фленсбург и Кил или Веспрем.

Share