
Утринава од 8 часот со првата прозивка официјално започнаа подготовките на Барселона за новата сезона 2014/15. Со новајлиите Жалуз и Гонзало, групата од 17 ракометари под водство на стручниот штаб на Хавиер Пасквал започна со огромен ентузијазам за уште подобра сезона од минатагодишната.
Најнапред Лазаров и другарите беа подложени на физички тестови, а потоа го имаа и првиот тренинг во „Палау Блауграна„ Целиот сениорски ростер заедно со членовите на Барса Б, Алекс Маркез и Фран Ревуелта и Ориол Реј, кој освои бронза со Шпанија на младинското ЕУРО во Австрија, од денес се наоѓаат во Андора. Таму шпанскиот првак ќе остане до 8 август, до крајот на првата фаза на подготовките.