
Како и минатата сезона капитен на Барселона останува репрезентативното крило Виктор Томас. Негова замена ќе биде голманот Даниел Шариќ, а единствената замена е тоа што данецот Јаспер Нодесбо е именуван за трет капитен на шпанскиот првак по заминувањето на ветеранот Хуанин Гарсија.
Данецот роден во Хернинг во Барселона дојде во сезоната 2007/08 и има постоечки договор до 2018 година. Минатата сезона тој ја имаше најдобрата инвидуална статистика во својата кариера во Шпанија, со 119 гола со што беше четврт најдобар клубски стрелец по Лазаров (131 гол), Карабатиќ (123 гола) и Рутенка (121 гол). Исто така беше вклучен во идеалниот тим на ASOBAL лигата како најдобар кружен напаѓач.