
Второлигашот Ла Рока е противникот на Барселона во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп. Тоа е одлуката на вчерашната ждрепка во Барселона. Во првото полуфинале на 21 август ќе се соочат Бордилс и Грањолерс, а Барса и Ла Рока ќе играат ден подоцна.
Веќе на 23 август во третиот ден од каталонскиот Суперкуп ќе се игра финалето на двете екипи победници во полуфиналните мечеви. За разлика од минатата сезона кога не се одигра финалето помеѓу Барселона и Грањолерс, оваа година Каталонија ќе го добие својот најуспешен тим