hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Барса и Лазаров подготвени за стартот на подготовките

Share2014-08-02-d55e84f5e6ed724eccb1df909e49697a35b20e0a0a7534e1064b8893aeb9c11e-Picture jpg1

В понеделник ракометарите на Барселона ќе ги започнат подготовките за новата сезона 2014/15, во која ќе бранат пет трофеи освоени од минатата сезона, а и ќе се обидат да ја освојат Лигата на шампионите, која за влакно им бега од рацете во последните две сезони. Ракометарите полека пристигнуваат во Каталонија овој викенд, а нашиот Кирил Лазаров веќе е во Барселона и имаше можност да се запознае со новата опрема на Барселона, која ќе претрпи мали измени за разлика од минатата сезона.

Share2014-08-02-df8834852d2e4af6252c8846eb961360d34337edde9771d3ddb6294491becd4b-Picture jpg1

Првиот дрес останува во типичен „блауграна„ стил со црвено-сини бои, како и што е заштитниот знак на клубот. Резервната комбинација наместо минатогодишната жолто-црвена комбинација, сега ќе биде комплетно портокалова. В понеделник на прозивката на Пасквал ќе се појават три нови имиња: Гонзало, Сигурдсон и Жазел. Барса ја напуштија Страновски, Штербик и Хуанин Гарсија.

Share