Барса со осум гостувања оваа есен во ASOBAL лигата

Ракометарите на Барселона од минатата недела го знаат распоредот на новата ASOBAL лига, во која ја бранат титулата освоена минатата година. Во есенскиот дел кој почнува на 6 септември, а завршува на 13 декември, Лазаров и другарите ќе одиграат седум домашни и осум гостински натпревари. Потоа во јануари следува светското првенство во Катар, а ASOBAL лигата официјално продолжува во фебруари 2015 година со пролетниот дел. Еве го комплетниот распоред на шампионот Барселона:
1 - коло - Барселона - Арагон
2 - коло - Хелветиа Анаитасума - Барселона
3 - коло - Барселона - Анхел Хименез
4 - коло - Фригорификос Моразо - Барселона
5 - коло - Барселона - Сиудад Енкантада
6 - коло - Пуерто Сагунто - Барселона
7 - коло - Барселона - Хуеска
8 - коло - Бенидорм - Барселона
9 - коло - Натурхаус Ла Роха - Барселона
10 - коло - Барселона - Сегурос Замора
11 - коло - Вила де Аранда - Барселона
12 - коло - Барселона - Хуанферса
13 - коло - Гвадалахара - Барселона
14 - коло - Барселона - Грањолерс
15 - коло - Адемар Леон - Барселона
Комплетниот извештај од есенскиот дел на ASOBAL лигата можете да го погледнете ТУКА:




