hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров пак одличен, Барса закажа ново финале со Грањолерс

barca copa 1

Барселона - Натурхаус Ла Роха 35:25 (19:12)

Барселона ја совлада екипата на Натурхаус Ла Роха од Логроњо и обезбеди уште едно финале за крај на годината, овој пат финалето од ASOBAL Купот. По 46 секунди Лазаров од седмерец го отвори резултатот во полза на фаворитот. И првата асистенција во мечот ја имаше македонецот, кога во петтата минута додаде до Сорондо за 3:1. Голманот Гонзало одлично го почна меот и собра три одбрани во првите 5 минути.

Перфектниот почеток на мечот на Лазаров и Барса го комплетираше нашиот капитен со уште еден гол од игра и тоа од дистанца и од казнен удар за 5:1 по 8 минути игра. Реакцијата на бело-црвените дојде од крилата и Родригез две минути подоцна намали на 6:3. Против својата бивша екипа погоди и Рокас од седмерец, но Лазаров полн со самодоверба уште еднаш „распали„ од 10 метри за 7:4 во 12 минута. Качеда само за момент го прекина ритамот на каталонците, но брзо врати Сигурдсон од контранапад и релизираше за 9:6 во 14 минута.

Педро Родригез на спектакуларен начин и Хименез низ транзиција го искористија најпозитивниот момент во мечот и Натурхаус Ла Роха се доближи до 9:8. Лазаров со петтиот гол, одговори на голот на Рубен Гарабаја за 11:9 во 20 минута. По исклучувањето на Хуанин Гарсија, низ зоната на Натурхаус ла Роха мина Раул Ентрериос за +3 за каталонците. И по тајм-аутот на Хота Гонзалез, Барса продолжи со својот офанзивен арсенал па погодуваа и Рутенка, Сигурдсон и Сармиенто за 15:10. Тиагус Петрус ја прекина серијата на домаќините со својот прв гол, но веднаш потоа Гонзало го прочита Рокас од седмерец.

barca copa 2

Фаворитот почна да го „меле„ противникот и Рутенка со уште два гола зголеми на 17:11. Лазаров со уште еден ефектен гол од контра како да сакаше да најави дека победникот во мечот ќе биде решен уште во првото полувреме (18:11). Првиот дел заврши со гол на Хуанин Гарсија од седум метри за 19:12. Продолжението започна со игра гол за гол, а по двата гола на Анхел Фернандез, тимот од Логроњо спушти на 20:15. Играта на Барса претрпе период на опуштање па при 21:16, Пасквал побара минута одмор во 38 минута. Рутенка со шестиот гол од исто толку обиди, веднаш го врати ритамот на голови во полза на фаворитот. Гурбиндо го почна вториот дел место Лазаров, но нашиот ас од седум метри го постигна својот седми гол за 23:17 во 41 минута.

Најдобриот во екипата на Натурхаус Ла Роха, Фернандез дојде до седмиот гол за 24:19 на половина од вториот дел. И на секое доближување и таканаречените резерви на Барса како Арињо и Гурбиндо одговараа со голови за 26:19. Со својот втор гол Раул Ентрериос во 50 минута ја донесе највисоката предност од 8 гола и Барселона веќе се гледаше во финалето. Во 53 минута со нов лесен гол, трет за Арињо, момците на Пасквал дојдоа до 30 гола на средбата. Шансата која ја доби Жалуз, веднаш ја искористи и се запиша меѓу стрелците. Конечниот резултат гласеше 35:25, за уште едно финале и лекор до десетта титула во ASOBAL Купот за Барселона. Во тимот на Барселона Рутенка постиогна 8 гола, Лазаров со само првото полувреме во игра беше автор на 7, а кај Натурхаус Ла Роха најсветла точка беше Анхел Фернандез со 9 гола. Претходно во првото полуфинале, Грањолерс го совлада домаќинот Адемар Леон со 27:30 и се избори за комплетно каталонско финале.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share