ВИДЕО: Познат спотот на мундијалот со Карабатиќ и Лазаров како главни звезди
![]()
Организаторот на ракометниот мундијал во Катар денес го промовираа и официјалниот спот на шампионатот, кој безброј пати ќе се врти пред и за време на турнирот низ сите медиуми ширум планетата. Во него специјално за официјалниот ексклузивец на ТВ правата, француската телевизија со катарски сопственици BEING SPORT, се најдоа најголемите ѕвезди на ракометната, меѓу нив и македонскиот национален капитен Кирил Лазаров.
Познат дефинитивниот список на репрезентативци за мундијалот во Катар
![]()
Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот и ги одреди 16 ракометари кои ќе патуваат на турнирот во Нант и потоа во Катар за светското првенство. За разлика од последните големи приредби, новина е повикувањето на Владо Недановски и враќањето на Наумче Мојсоски по отсуството на европското првенство во Данска, заради повреда.
Лазаров за СПОРТБОКС: „Осминафинале, за се или ништо„
![]()
Најдобриот голгетер во националниот тим Кирил Лазаров останува на ставот дека неговите голови имаат значење само кога тие се во полза на тимската победа, иако е несомнено дека тој одново ќе биде во трка со најдобрите и за индивидуалните награди. Во интервјуто за „СПОРТБОКС„ говореше за клучните моменти на мундијалот:
Репрезентативците во тренажен процес го подготвуваат турнирот во Нант
![]()
Синоќа започна втората фаза од репрезентативните подготовки за СП во Катар. Во попладневниот термин се одржа првиот тренинг воновата година, а од денес ракометарите продолжуваат со редовните два тренинга дневно. До Божиќ репрезентативците ќе тренираат во полн состав, а на 8 јануари во Нант ќе заминат само 18 ракометари, кои ќе не претставуваат на турнирот во Франција, а потоа и на мундијалот.
Лазаров и Ристовски на иста фрекфенција
![]()
Во напоредното интервју за „Македонски спорт„ најискусните македонски репрзентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски говорат за нивниот однос, за нивното другарство кое трае скоро колку нивните кариери. Заедничката репрезентативна приказна на капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски почнува пред 15 години, кога во 2000 за првпат се соиграчи во јуниорската селекција на Европското првенство во Атина.
Среќни новогодишни и божиќни празници
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров на сите државјани на Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страна им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот. Среќна и берикетна 2015 година во која пред нас се нови спортски предизвици, пред се во светот на ракометот.
Лазаров за СПОРТМЕДИА: „Сакам да играм на Олимпијада како Македонец, не како Шпанец„
![]()
Кирил Лазаров и во 2014 беше предводник на репрезентацијата, а со Барселона освои шест нови титули и „бомбардираше" низ Шпанија, по Европа, па дури и во Катар прикажувајќи партии врвни и за европски стандарди. Повторно постави пример како треба да изгледа еден врвен македонски спортист и затоа заслужи во изборот на „Спортмедиа„ да биде прогласен за најдобар спортист за 2014 година. Во опширното интервју најдобриот македонски ракометар ги анализираше сите детали за неговата ракометна година:
Лазаров за „Телеграф„: „Македонија ја гледам рамо до рамо со фаворитите„
![]()
Во интервјуто за „Телеграф„ капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги потврди високите амбиции на црвено-жолтите во Катар. Исто така ракометарот на Барселона потврди дека во ваков турнирски систем многу е важно да се биде подготвен во нокаут - фазата:
Годината на Лазаров: 6 трофеи, 72 меча, 405 гола
![]()
Ракометните репрезентативци на Македонија добија неколку слободни дена, а мечевите со Израел беа последни од официјален карактер за капитенот Кирил Лазаров. Оваа година пропушти неколку мечеви заради полесни повреди или од превенција, но пак неговата статистика е беспрекорна.
Израел „прегазен„ во затворениот тест
![]()
Ракометната репрезентација на Македонија забележа и втора победа над Израел на затворениот тест во СЦ „Јане Сандански„ во Скопје. Овој пат црвено-жолтите славеа со 42:32 во регуларниот тек од мечот. Потоа беше одиграно уште едно мини - полувреме од 20 минути, во кое исто така Македонија беше подобра со 11:9.




