ФОТО: Лазаров, најдобар десен бек во ASOBAL лигата
![]()
Вечерва во Леон, капитенот на македонската репрезентација и звездата на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во ASOBAL лигата. Во предвечерјето на ASOBAL Купот, кој утре почнува во организација на Адемар Леон, шампионот ги собра наградите.
Утре во Леон и ждрепка за четвртфиналето на Купот на Кралот
![]()
Богатиот викенд со активности во Леон ќе биде надополнет со ждрепката за четвртфиналето на Купот на Кралот, кој како и минатата година ќе се заврши на 6 и 7 јуни 2015 година со Final dour, а местото на одигрување ASOBAL ќе го одреди на пролет. Во слободна ждрепка, без носители во четвртфиналето може да се сретне секој со секого.
Лазаров со рекорди кои ќе траат и траат
![]()
Кирил Лазаров е носител на многу рекорди во европски и светски рамки. Доколку продолжи со ова темпо ќе постави многу високи стандарди за идните генерации. Неговите 64 гола на 8 меча оваа есен во Лигата на шампионите се најава за нешто големо во наредната 2015 година. Лазаров 14 година по ред е двицифрен меѓу стрелците во Купот или Лигата на шампионите, а 11 година по ред постигнува преку 50 гола во сезона, што е уникатен пример во историјата на ракометот.
Петти ASOBAL Куп организиран во Леон
![]()
Овој викенд во еден од најракометните градови во Шпанија ќе се одржи ASOBAL Купот, кој по петти пат ќе биде организиран во арената каде настапува Адемар Леон. Првото издание организирано во овој град е во сезоната 97/98, со Каха Кантабрија која во финалето го совлада Адемар Леон со 26:24.
ФОТО: Македонија доби ново дизајнирани дресови за мундијалот
![]()
Македонската ракометна репрезентација на мундијалот во Катар ќе настапи во нови дресови, специјално дизајнирани за претстојниот голем настан. Во новиот дрес, нашите репрезентативци ќе одат по нови победи на меѓународна сцена.
60 гола во шпанската есен на Кирил Лазаров
![]()
Спуштена е завесата на есенскиот дел на шпанската ASOBAL лига и Барселона како и минатата година со максимални 30 бода стана есенски првак, а Кирил Лазаров кој во Лигата на шампионите е прв есенски стрелец со 64 гола и на домашна сцена зад себе остава позитивна есен. Пропушти само два натпревари од превентивен карактер, а на останатите 13 меча беше постојано меѓу најдобрите и поединци и стрелци и собра 60 голови.
„Црвено-жолтите„ ја дознаа сатницата за групната фаза во Катар
![]()
Македонската репрезентација ги дозна термините за натпреварите од групната фаза на Светското првенство во Катар. Најчесто ќе играме од 17 часот по средно европско време, а само против Тунис ќе се натпреваруваме два часа порано.
Лазаров дел од „Гала ASOBAL„ в петок во Леон
![]()
Петок во предвечерјето на ASOBAL Купот, ќе бидат избрани најдобрите ракометари на секоја позиција во минатиот шампионат на Шпанија. Исто така ќе биде прогласен и најдобриот ракометар за минатата сезона.
Барселона има 6 кандидатури на различни позиции: Шариќ кандидира за најдобар голман, Нодесбо за најдобар кружен напаѓач, Карабатиќ за најдобар лев бек, Томас за најдобро десно крило, Лазаров за најдобар десен бек и Виран Морос за најдобар дефанзивец.
Лазаров меѓу најсекси Македонците за 2014 година
![]()
Магазинот „Убавина и здравје„ го избира најсекси македонецот за 2014 година. Голем број спортисти влегоа во финалниот избор, а меѓу 26 номинирани се наоѓаат голем број спортисти. Многу македонски ракометни репрезентативци, фудбалери и по некој кошаркар, како и други јавни личности, влегоа во изборот. До 25 декември трае гласањето кое ќе го донесе најсексипиолниот македонец за 2014 година.
Познат репрезентативниот список за Катар
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави списокот на ракометари на кои смета за светското првенство во Катар во јануари 2015 година. Собирот на повиканите е закажан за 21 декември.




