hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса и во Купот на Кралот ќе игра со Натурхаус Ла Роха

sorteo copa del rey

Денешната ждрепка во Леон повторно ги соедини Барселона и Натурхаус Ла Роха од Логроњо. Покрај вечерашното полуфинале на ASOBAL Купот, двете екипи ќе играат и двомеч во четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал. Барселона ќе биде домаќин на првиот меч на 4 фебруари, а возвратниот меч ќе се игра на 1 април во Логроњо.

Во останатите мечеви за пласман на Final four во јуни ќе се сретнат: Адемар Леон - Грањолерс (исто така како во ASOBAL Купот), Хуеска - Хуанферса и анхел Хименез - Вила де Аранда.

Share